Обединуваме политички и граѓански активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и либертаријанството
CONSERVATIVE.mk претставува платформа и движење базирано примарно на Идеолошки и аналитички центар која во себе спојува граѓански активисти чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации.
Дел од Conservative.mk се активни презентери, колумнисти, активисти, социјални медиуми како Приказни од булеварот и инстаграм профилот Боемот, официјални медиуми, невладини организации како Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК, патриотски здруженија и слично. Активностите на Conservative.mk се во корелација со сите партнерски организации.
Инспирација:
- United Nations System
- New Direction – a foundation for European reform
- International Democratic Union, IDU
- The Conservative Online
- European People's Party
- ECR party
- Prager University
ИДЕОЛОГИЈА И ЗАЛОЖБИ:
- Развој на демократија
- Здрава животна средина (енвиронментализам)
- Конзерватизам
- Слободен пазар и економија
- Класичен либерализам
Главната цел на CONSERVATIVE.mk е да ги обединиме граѓаните коишто веруваат во фундаменталните вредности на зголемување и подобрување на квалитетот на демократијата, здравата животна средина, слободниот пазар, класичниот либерализам, конзерватизмот и другите слични заложби и идеологии. Идеологијата и заложбите во кои веруваме сѐ повеќе се шират низ Европа и светот.
Нашата визија за CONSERVATIVE.mk е да претставува постулат на овие вредности во државата. Веруваме дека обединети, преку зачувување и негување на традиционалните вредности, можеме истите да им ги оставиме во аманет на идните генерации и да придонесеме за создавање здрав и убав живот во една слободна држава.
25/01/2022 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија Leave a comment
05/12/2021 In Безбедност и одбрана, Европа и светот Leave a comment
08/11/2021 In Conservative.MK, Македонија Leave a comment
17/09/2021 In Conservative.MK, Македонија, Национализам, Социологија Leave a comment