На светската геополитичка сцена евидентно се менуваат работите во некои насоки кои не беа карактиристични до пред една декада, а тоа пред се е многу видливо на воен план. НАТО сојузот кој беше создаден како контратежа на Варшавскиот пакт, е пред се сконцентриран и фокусиран на делување на одбрамбениот штит за Западната хемисфера. НАТО, бар во моментов, не успева да даде одговор на баш сите преидизвици на глобално ниво, бидејќи во суштина и концептот на оваа организација не го овозможува тоа. Рапидниот и брз раст на кинеската економија, неминовно ќе произведе и ќе даде резултати во воено одбрамбената сфера особено на долг рок. Оваа држава рапидно вложува во своите воени капацитети, гради вештачки острови со цел подобра положба на Пацификот, а и вложува во морнарицата која е основа за прокетирање на моќ. Сите овие чекори даваат сериозен аларм кај другите геополитички играчи кои и не се највесели со текот на овие настани.   

Француско – Кинеските бизнис релации, Германското кокетирање на истокот и кинеското економско продирање на стариот континент запали црвен аларм преку Атлантикот!

Токму поради тоа, новите ситуации налагаат и нови потези на сите страни, а највпечатливо беше формирањето на воениот сојуз наречен АУКУС (Австралија, Британија, САД – Australia, UK, US). Сепак, овој сојуз не може да се порамни на рамниште со НАТО сојузот бидејќи е практично „само договор“ за подморници и кооперација но сепак е голем дипломатски отскок.

Што преставува АУКУС?

АУКУС е кратенката за новото партнерство кое го потпишаа САД, Велика Британија и Австралија, а е упатен до Кина, со коешто САД ќе го зголеми својот ангажман во овој дел од светот. Тоа ќе резултира со размена на најновите воени технологии на трилатерално ниво, а дополнителни средства ќе и бидат дадени на распологање на Камбера бидејќи досега за прв пат ќе се соочи со ваков вид на технолошки напредок. Тоа ќе резултира со набавка на 8 подморници со нуклеарен погогон ( тоа не значи нуклеарно вооружување, со нуклеарни проектили!). Подморниците на нуклеарен погон, се од огромано значење за морнарицата, а ги поседуваат само неколку земји во светот (Кина, САД, Британија, Русија, Индија, Франција) кои за разлика од оние со дизел погон имаат голема предност. Главните предности на оваа технологија се:

  • Не им е потребно да полнат гориво (ураниумот им обезбедува да останат во вода околу 33 години), можат да остант под вода долго,
  • побрзи се и
  • логистички се многу подобри за долги мисии.
NEWPORT NEWS, Va. (Sep. 12, 2020) Acting Under Secretary of the Navy Gregory J. Slavonic, right, stands alongside fellow participants during the christening of the future Virginia-class submarine USS Montana (SSN 794). The Navy christened one of its newest attack submarine during a ceremony at Newport News Shipbuilding, a division of Huntington Ingalls Industries. (U.S. Navy photo by Lt. Ashley E. Nekoui)

Имаат и маани бидејќи се поскапи, потешки и покомплексни за употреба и бараат поголем специјализиран офицерски кадар. Очекувањето за испорака се очекува да се комплентира до 2040, а за првите подморници веројатно ќе се чека околу десетина години. Австрлискиот воен буџет се очекува да се зголеми до 4%. Сепак договорот ќе чини три до четри милијардни америкнски долари за една подморница, а подморниците ќе бидат од класата Вирџинија. Кога на тоа ќе се додаде и обуката за морнарите, спремањето и ширењето на капацитетите и зголемувањето на техничко-офицерскиот кадар трошоците ќе одат во небо. Сепак овој потег на Австралиската влада е одмерен и пред се насочен кон безбедноста и балансот, бидејќи не треба да се заборави дека најголем трговски партнер на оваа држава континент е Кина.  

На Французите не им е до забава

Церемонијалниот ручек во француската амбасада во Вашингтон кој се организира по повод 240 годишнината од воената победа над Британците e откажан и нема да се одржи поради склучувањето на договотот за подморниците. Ова ги однесе односите помеѓу Париз и Вашингтон надолу, дури и подолу од нивото во 2003та кога Франција застана цврсто против Американската интервенција во Ирак. Заострувањето на дипломатските односи се должи на тоа што Франција потпиша договор во 2016 година со Австралија со кој требаше да испорача 12 конвенционални (дизел) подморници за Австралија во проект кој ќе требаше да чини околу 90 милијарди американски долари, и беше окарактеризиран како договор на векот посебно за француската воена индустрија. Исто така ова ги разниша Француските геополитички интереси на индо-пацификот, а пак Макрон стравува и од евентуално разнишување на рејтингот бидејќи ќе бара доверба за втор мандат за девет месеци од сега. Австралиското откажување од договорот е доста нагло и одлучно решение што сериозно и долгорочно ќе ги разниша односите со републиката, а покрај тоа ова ќе го чини Австралискиот буџет, кој ќе треба да исплати пенали за откажувањето на договорот. Францускиот министер на надворешни работи Жан го окрактеризира овој потег како сериозно забивање на нож во грб на кој американците подмолно работеле, а работата на Бајден ја порамни со онаа „непредвидливата“ на Трамп.  

Пишува: Давид Салтамарски, идеолошки и аналитички центар КОНЗЕРВАТИВ МК

Сподели: