На 23ти Јуни, 2016та година, цела една држава се пушти во потрага по непознатото. Тоа е денот кога 17,4 милиони граѓани на Обединетото Кралство, излегоа и гласаа ЗА напуштање на Европската Унија. На следното видео ќе имате можност да дознаете за целиот процес на интеграција на Велика Британија во европските институции, како и за контраверзната одлука за напуштање на Европската Унија наречена BREXIT.