Конзервативна поема „ЖОЛТИ ЕЛЕЦИ?“ од Кристијан Мицкоски, уредник на Конзерватив МК и дел од партнерската организација „Христо Узунов“
Анархија на сите страни,
продолжив да лутам
низ разурнат град, сега се на цена,
трговците и ајдуците, но
добро нека чујат.. Нека знаат…
Дека нивното царство,
не е вечно, империи се
раѓаат и паѓаат,
А ние стрелани, со
лоботомиран мозок,
во нивното царството
сме кукли од восок!!!
Тие се родени и во
пекол да царуваат,
немаат проблем,
со нас да тргуваат!
Нека биде ова
последното,
што ќе упатам кон
јавноста ранета,
од измеќар патриот, не
бива,
од паган, верник, не
станува….
Можат да ме расечат,
да ме исечат на ситно,
ќе ги издржам ударите,
влечењето по земја,
изгинаа многу деца, и
веќе не е битно,
дали ќе ме слават, ил
прогонат…
[ВИДЕО] – Промоција на институтот „Христо Узунов“ – дел од идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК. Промоција на конзерватизам и национализам.