„Доколку не постои економска слобода, тогаш слободата воопшто не ни постои“.
-Маргарет Тачер
Конзерватизмот се залага за слободна економија, слободен пазар, слободна и отворена компетиција, ниски даноци, намалување на централизираната моќ на владите.
„Социјалистите плачат и се молат за поголеми права на граѓаните кревајќи ја нивната стегната тупаница како симбол. Всушност, на сите ни е јасно дека таа тупаница не значи зголемени граѓански права, туку, зголемено право на владата да ги конролира граѓаните и влада посилна од државата“.
-Маргарет Тачер
Конзерватизмот се залага за зголемување на индивидуалните права како и намалување на централизираната моќ на владите, додека пак социјализмот се залага за силна и наметлива влада со контрола врз животот на граѓаните.