Back to all cases

[ВИДЕО] Вакцини: Кои, зошто, како и став? – Радио Лидер 107,4

На емисија на Радио Лидер, д-р Стефан Василевски од Конзерватив потенцираше дека никој на сила не смее да ве натера да се вакцинирате, но вакцините се добри, ефикасни и функционираат. Тие се меѓу најдобрите откритија заедно со антибиотиците и останатите лекови заради кои денес живееме околу 30% подолго и поквалитетно во споредба со пред само 1 век. Изборот ќе биде ваш.

Нема простор за калкулантска политика за вакцини. Јасен став: ПРО-ВАКЦИНА!

Десницата во новата [не]нормалност мора да цели кон политика ориентирана спрема реалност, а не ботови на социјални мрежи. Како лекар, ќе кажам дека помеѓу приоритетите на десницава во моментов треба да е цврст про-вакцина став притоа запазувајќи ја слободата на избор на граѓанинот во однос на вакцините за КОВИД-19. Кој сака – да се вакцинира, кој не – не мора. Сепак, потребна беше но и сè уште е, масовна кампања од едукативен карактер за вакцините бидејќи тие се можеби најдоброто откритие во медицината заедно со антибиотиците.

Целата емисија и ВИДЕО, погледнете го со кликнување тука.

Сподели: