Се е во бројките!
17/09/2021 In Conservative.MK, Македонија, Национализам, Социологија Leave a comment
17/09/2021 In Conservative.MK, Македонија, Национализам, Социологија Leave a comment
Гледам како се’ повеќе Македонци се залагаат за бојкот на пописот и не ми се верува колку се наивни и колку не размислуваат за последиците кои би ги имале доколку дојде до истото. 20 години немаме попис. Статистичка операција која ни овозможува да си го преброиме населението и од тоа надлежните да добијат информации кои би ни користеле на секое поле.
Пописот ни треба за многу параметри и затоа одговорност на секој граѓанин е да излезе и да се попише. Единствена држава во Европа сме што нема попис 20 години. Затоа да бидеме во чекор со цела Европа и да фатиме ред па никогаш да не се повтори да останеме две децении без попис.
Пописот ќе биде наместен само ако вие бидете пасивни. Пописот ќе го наместат само ако вие не отворите врата. Која ви е целта на бојкотот?
,,Ќе биде наместен?” Нема да ме чуди ако го наместат, но ако бојкотирате вие ќе бидете сојузници на оние кои ќе го наместат. Ако бојкотирате ќе бидете соучесници во тоа Албанците и другите малцинства да ги попишат цели фамилии, а Македонците да ги снема. Зошто бојкотирате? Заради корона? Ве молам, друг пат најдете подобри изговори. Цело лето се утепавте од идење по турбофолк концерти и гужви, ама тогаш не ви пречеше корона, а сега ви пречи кога дома ви доаѓа еден човек со маска? Абе ајде… Како на Албанците ова не им пречи… Зошто бојкотирате? Дека ќе ви земат некои информации и ќе ве чипираат? Информациите ви ги земаат преку телефонот од кај што го читате ова, а не преку пописот и вакцините.
Колку повеќе се противите на пописот, толку помалку Македонци. Бојкотот нема да има ефект и тоа е пукање во здрава нога! Доста зборувате за тоа колку % на пописот ќе бидат Албанци, фатете и зборувајте колку % ќе бидат Македонци! Затоа дечки, масовно да се попишеме и да го одбраниме националното достоинство!
Боемот 2.0
P.S. И доста слепо им верувате на фацки ко Димче Апасиев кои секогаш одат контра сите и не нудат алтернатива. Ако не се попишете вие автоматски се противите на Законот и следува казна. Вашиот сакан Апасиев нема да ви ја плати законската казна од 300 евра ако бојкотирате попис.