На 22-ри и 23-ти февруари во Рим, Италија, се одржува самитот на Алијансата на конзервативци и реформисти – АКРЕ (Европските конзервативци и реформатори).
La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на Eвропарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати. Настанот е во организација на политичката партија Fratelli d’Italia која е нов член на АКРЕ, а моментално е еден од носителите на коалицијата на обединетите конзервативци и суверенисти во Италија заедно со носечката партија на Матео Салвини, ЛЕГА. Обединетите италијански центар-десно политички партии ќе застанат рамо до рамо со Европските конзервативци и реформисти на изборите во Мај 2019та година.
Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот. На покана на АКРЕ и Европските конзервативци, на самитот учествува македонската конзервативна политичката партија ГДУ – Граѓанско Демократска Унија. Во прилог, погледнете го обраќањето на Giorgia Meloni, првата дама на обединетата италијанска десница.