Републиканците ја свртеа Вирџинија, добија нов гувернер, земеник гувернер и јавен обвинител (3/3 победа) на вчерашните избори. Овие избори се сметаат за тест за популарноста на владата на САД.

И да, за прв пат жена стана заменик-гувернер, од „малцинството“ и тоа од десницата. Нека зборат повторно демократите дека десницата била расистичка, ширела шовинизам и слично. На изборите за гувернер на сојузната држава Вирџинија победи републиканецот Глен Јангкин. Во САД се случува вистински десен бран, а Републиканците се на добар пат да го земат Конгресот, а и Сенатот во 2022та година.

Втората трка за нов гувернер е во Њу Џерси и таму силите ги одмеруваат актуелниот Гувернер од Демократите против кандидатот на Републиканците. Најзначајно е тоа што досега ниту еден Гувернер не освоил втор мандат од 1977 година, а актуелниот Гувернер на сите анкети водеше во просек 7.8%. Но, изборите покажаа сосема обратно. До пред неколку часа на 80% преброени гласови, водеше кандидатот на Републиканците со 0.4%. Сега, на 90% преброеност е претесно за да се објави победник.

Мора да се напомене дека актуелниот Гув. од Демократите има значително поголема база на членови. Всушност Демократите имаат над 1 милион повеќе членови на во Њу Џерси од Републиканци. Затоа, оваа трка се очекуваше да биде прогласена за “landslide” победа на Демократите веднаш по завршувањето на гласањето, но резултатот е уште еден доказ дека републиканскиот “Црвен бран, десничараки бран” е всушност цунами.

Овие избори се клучни за проценката на 2022ра и можноста Конгресот и Сенатот повторно да бидат под контрола на десницата, а со тоа и полесно да се вратат на власт во 2024та година.

Сподели: