Back to all cases

Конзерватив МК дел од делегација на CPAC 2019, American Conservative Union!

Прва македонска официјална делегација на најголемиот конзервативен настан во светот, CPAC 2019!

Conservative Political Action Conference или CPAC 2019, е проект на Американската конзервативна унија (American Conservative Union) кој се организира секој година уште од далечните времиња на минатиот век каде што може да се види преку претпознатливите говори на Роналд Реган на отварањата на оваа конференција, CPAC. Оваа година, CPAC 2019 ќе биде организиран во политичкиот центар на светот, Вашингтон, од 27ми Февруари до 2ри Март.

Конзерватив МК со 3 свои претставници ќе биде дел од 25 члена делегација одбрана од целиот свет преку втората најголема во свет центар-десно политичка групација после IDU – Интернационалната демократска унија, Алијансата на конзервативци и реформисти која е моментално најбрзо растечко политичко движење и вклучува партии како Републиканската партија на САД, Конзервативците од Канада, ЛИКУД Израел и партии од цела Европа, Африка и светот.
На конференцијата може да учествува секој, но не и како официјален делегат на истата. Поради тоа, Конзерватив МК е ќе биде прва и официјална македонска организација и делегација на најголемиот светски конзервативен настан, а воедно и со покана на познатата Роналд Реган вечера.

Сподели: