Следната година, 2019та, ќе биде клучна политичка година за Македонија, Европа, но и прилично интересна и динамична политичка година во САД. Во Македонија се наближуваат претседателските избори, но исто така не се исклучува можноста и за предвремени парламентарни избори. Во Европа пак, ќе се одлучува во која насока ќе се движи континентот во наредните 5 години, а во САД ќе започнат подготовките за претседателските избори во 2020та година.

Во САД, се појавија и првите знаци на вознемиреност кај левицата од се почестите транспаренти кои се појавуваат во етерот како “Keep America Great” и “Trump 2020”. Паниката кај левицата во САД особено се зголеми по скоро објавената статистика за споредба на првите 2 години од мандатот на сегашниот американски претседател, Доналд Трамп, и неговиот претходник Барак Обама.

                                                                    Извори: Gallup, BLS.gov, Treasury.gov, BEA.gov.

Целта на овој текст е да ве запознаеме со ,,Незгодната Вистина за Демократската Партија на САД”.

Доколку ги слушнете термините ,,граѓански права и расна еднаквост”, на која партија прво би помислиле? На Демократите или Републиканците?

Најголем дел од луѓето веројатно би одговориле: Демократите, се разбира. Но, дали е тоа така во реалноста? Ајде да започнеме од самите почетоци…

Дали знаете кој го формирал и кога е формиран познатио Ку Кукс Клан (ККК – Ku Klux Klan)? Дали знаете кој бил против укинување на робовладетелството? Дали знаете кој ја започна Граѓанската Војна во САД? Одговорите на овие прашања како и на многу други ќе ги најдете во текстот подолу.

Уште од самото формирање во 1829та година, Демократската Партија на САД се спротивставила на скоро секоја можна иницијатива за граѓански права и постои долга историја на дискриминација која се поврзува токму со оваа партија. Демократите во САД, се првата партија која застанала против укинувањето на робовладетелството, ја започна Граѓанската Војна во САД, застана против познатата иницијатива за реконструкција и реформи, го основаа Ку Кукс Кланот, учевствува во линчување на луѓе и силно, се спротивстави на актите за граѓански права (civil right acts) во 1950та и 1960та година.

Од друга страна пак, Републикансата Партија на САД е основана во 1854та година, како анти-робовладетелска партија. Мисијата на републиканците беше да го прекинат робовладетелството и неговото ширење особено во западните територии со крајна цел да се забрани оваа практика. Меѓутоа, на овој напор, беше донесен голем удар од страна на Врховниот суд. Така, во 1857ма година, за познатиот случај и одлука наречена “Dred Scott v. Sandford”, судот пресуди дека афро-американците, односно робовите, не припаѓаат во групата на граѓани на САД. Оваа пресуда беше донесена од 9 судии, од кои 7 беа дел од Демократската Партија и гласаа ЗА оваа одлука, додека другите 2 кои гласаат ПРОТИВ ваквиот акт, беа членови на Републиканците. На крајот, прашањето со робовладетелството беше решено со крвавата и позната Граѓанска војна во САД (1861-1865 година).

Главен командант на републиканците во оваа војна беше првиот републикански претседател Абрахам Линколн, човекот кој ги ослободи робовите и го укина робовладетелството. Само 6 дена од кога конфедеративната армија се предаде, на 14ти Април 1865та година, членот на Демократската партија John Wilkes Booth, изврши атентат врз Абрахам Линколн. Потпретседателот на Линколн, демократот Andrew Johnson, ја превзема позицијата на претседател (1865-1869). Но,  Andrew Johnson, веднаш ги отфрли одредбите на Абрахам Линколн со кои требаше ослободените робови да се интегрираат во економскиот и социјален живот во јужните делови на Америка.

Новиот претседател, заедно со Демократската Партија се обединија против 13тиот амандман со кој се укинува робовладетелството (1865та година), против 14тиот амандман со кој им се признаваат граѓанските права и им се доделува статус на граѓанин на робовите (1866та година) како и 15тиот амандман со кој им се дава право на глас на афро-американците (1869та година).

Кога станува збор за интеграција на афро-американците во Америка, треба да се знае дека Републиканската Партија, уште пред 1900та година, веќе постави повеќе од 20 афро-американци во Сенатот на САД. Демократите пак, не изгласаа ниту предложија афро-американци како дел од нивната партија или претставници во Сенатот се до 1935ра година.

ККК (Ку Кукс Клан), основан од познатиот демократ Nathan Bedford Forrest

Дали знаете дека ККК (Ку Кукс Клан) е основан од демократот Nathan Bedford Forrest? Познатиот историчар, исто така демократ, Eric Foner вели: “In effect, the Klan was a military force, serving the interest of the Democratic Party” (овој Клан, всушност служеше како воена постава на Демократската Партија). Американскиот претседател од Демократската Партија, Woodrow Wilson (1912-1916), делеше многу заеднички ставови со ККК кланот. Овој американски претседател, во самата Бела Куќа, го прикажа расистичкиот филм “The Birth of a Nation – The Clansman”.

За време на еден од најбитните граѓански акти донесени во САД, Граѓанскиот Акт од 1964та година со кој се забранува дискриминацијата врз база на раса, религија, сексуална ориентација или етничка припадност, повторно Демократите беа тие кои во минорен број го поддржаа во однос на републиканците. По донесувањето на овој акт, демократите реагираа на таков начин што се вели дека наводно (нема видео доказ) претседателот на Америка од 1963-1969 година, демократот Lyndon Johnson јавно кажа: “I’ll have them ni***s voting for the Democrats for the next 200 years!” (,,Е сега, има црнците да гласаат за Демократите во следните 200 години”).

Денес, Демократската Партија во САД најмногу се потпира на гласовите на афро-американците но и гласовите на ранливите категории на групи (класична левичарска тактика во целиот Свет), а всушност ги злоупотребуваат републиканците како наводни ,,расисти, сексисти, националисти и друго”.

Carol Swain, афро-американка и професорка по политички науки на Универзитетот Вандербилт (Vanderbilt University) вели: ,,И покрај големите напори на демократите да ги прикажат републиканците како ,,лошите момци” , афро-американците дадоа голема поддршка на Републиканската Партија на САД. Тоа е всушност така, не поради расен основ или било каква друга дискриминација, напротив, како контра-одговор на претерана анти-републиканска кампања, но пред се поради фактот дека Демократската Партија на САД за време на последниот мандат, не само што не успеа да се погрижи за оваа популација доволно, туку и голем број од политиките ги доведоа афро-американците на уште пониско ниво”.

Тимот на Conservative.mk кој е во партнерство со Алијансата на Конзервативци каде што членува и Републиканската Партија на САД, ќе биде дел од и вклучен во претседателските избори во САД во 2020та година.

Пишува: Стефан Василевски, идеолошки и аналитички центар КонзервативМК [Conservative.mk]

Следете не на FacebookInstagram & YouTube.
Колумна #1 Стефан Василевски  КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СВЕТСКА СУПЕР СИЛА ЗА ВОДА?
Колумна #2 Стефан Василевски – Семантика, еуфемизам & зелен конзерватизам
Колумна #3 Стефан Василевски – Фамилијарниот човек од челик: македонскиот либерал, кознервативец и националист [The Man of Steel]
Колумна #4 Стефан Василевски – FAKE NEWS [лажни вести]: Конзервативецот против плачковците

ЗАБЕЛЕШКА: Конзерватив МК [Conservative.mk] работи во постојано партнерство со Алијансата на конзервативци и реформисти на Европа (ACRE) како и ЕКР Групата – Европските конзервативци и реформисти во европскиот парламент.

Дознајте повеќе за Conservative.mk и нашите 20 партнери со клукнување тука: ЗА НАС – Conservative.mk

Сподели: