Во агендата на глобални забрани која извира од левицата, се појави и изразот “Net neutrality” кој всушност е најава дека владите во светот во брзо време треба да воспостават целосна контрола врз интернетот.

Да, интернетот, најглобалната мрежа во свет се соочува да биде под тотална контрола и цензура токму од таканаречените „глобалисти“ кои го киднапираат овој преубав процес и го поставија во политичка конотација наречена „глобализам“. Всушност, и јас сум против овој левичарскиот модел на „глобализам“, но не и против глобализацијата која постои со декади и го движи светот напред, ги отвори границите за сите вклучително и младите [отворена држава може да биде суверена држава], овозможувајќи им светот да им е на дланка. Глобалните процеси не доведоа до тој степен да понекогаш за само 1.500 денари можете да летате од Скопје до Париз и назад, да студирате цел семестар преку ЕРАЗМУС програмата во развиениот свет па дури и да ви плаќаат за тоа или да бидете добитник на една од милионите стипендии за наука, иновации, надградба на вештини, итн.

Fake News – типичен конзервативен одговор наспроти неолиберални плачковци 

Изразот “Fake news” или лажни вести, доби своја популаризација од страна на 45тиот американски претседател Доналд Трамп, но вусшност лажните вести се добро познат израз низ историјата па слободно може да кажеме дека тие се тука уште од времето на Адам и Ева. Во Рајската Градина првото нешто што било репортирано биле всушност лажни вести. Кога биле прашани што се случи со овошјето од дрвото, Ева одговори дека за се е крива змијата, додека пак Адам ги обвини Бог и Ева: „Жената што ми ја даде.“

„Шекспир знаеше од каде доаѓаат субвенциите за уметниците како и секој модерен писател. Тој пишуваше за воспоставувањето на династијата на Тудор, и сега сите знаат колку биле лоши Ричард трети и Макбет, иако вистината е сосем поразлична.“ – вели Доктор Кембел во неговата колумна за лажни вести. За време на Првата светска војна, британската пропаганда со лажните вести беше многу ефективна. Приказните за злосторствата кои во најголем дел се немаат никогаш случено, помогнало да порасне омразата и да ги држи луѓето на боиштата и покрај катастрофалните загуби.

„Владите немаат проблем со лажните вести, се додека истите се обезбедени од нивна страна. Кога лажните вести ќе се пуштат во етер од срана на невладини организации или не неинституционални извори тогаш владите имаат тенденции да реагираат лошо.“ – вели Доктор Кембел

Долга е раката на конзервативците! 

За разлика од многу „новокомпонирани“ десничари низ светот чија задача е да бидат конструктивна опозиција во глобалната агенда на левицата, претседателот Трамп гледа на „лажните вести“ како на некој вид на подарок од неговите противници: тој ги користи како оружје со коешто ги обвинува истите нив! На овој начин ги истакнува предрасудите што се очигледни во денешното новинарство и измамува крици на одобрување од неговата гласачка база на коишто им е преку глава од вообразените мејнстрим медиуми.

Всушност, одговорот на Трамп е класичен конзервативен начин на справување со проблемите, кратко, јасно, прецизно и директ во целта. Така, и во мојот дел од животот кога сум се занимавал со политика која ја гледам повеќе како хоби и предизвик наместо лесен начин на заработувачка или достиг на функција, многу често ќе се појавеле луѓе [десничари] кои ми велеле: во политиката треба многу да внимаваш, опасна зона е, може да ти извадат се и сешто и точно и неточно односно лажно, може лесно да изгореш. Мојот одговор бил секогаш ист и ќе остане: Море марш у три лепе и живеј си во твоето сталкено ѕвоно и конфорт зона, односно ај дечко потргни се на лево, ја фаќам десно! Конзервативецот не калкулира во одбрана, тој е истурен во напад до тој степен да понекогаш може и да забега во офсајд. Поуката е дека и да прими 100 гола, конзервативецот ќе проба да даде 101 и да победи.

Старата британска приказна за морковот и стапот преку моделот на Џастин Трудо и Наполеон од Али Експрес 

Почест тип на реакции се оние на Џастин Трудо и Наполеон од Али Експрес, Емануел Макрон. Наместо да ги посочат оние вести што мислат дека се лажни, тие се обидуваат да ја замолчат опозицијата. Еден го користи морковот, а другиот стапот. И двајцата се опасни за една здрава демократија.

Како дел од целосниот фискален извештај за федералниот буџет, канадската влада објави дека ќе обезбеди повеќе од 600 милиони канадски долари [345 милиони британски фунти] во наредните 5 години за да ги спаси главните мејнстрим медиуми во државата чијашто популарност тоне. Сето ова не е толку невино како што изгледа на прв поглед. Ќе резултира со послушни медиуми коишто нема да имаат волја да ја „гризаат раката што ги храни“.

Наместо да се борат да останат независни, канадските медиумски куќи и новинарски кругови слават. Додека ги држат чиниите и молат за милостина и подарок од Трудо, тие тврдат дека независната уредувачка политика ќе остане стабилна како и секогаш.

Како може нивнниот новинарски интегритет да не биде компромитиран кога направиле договор со ѓаволот? Доста лесно. Одлуките за тоа кој се квалификува да ги добие парите ќе лежат во рацете на „независен панел на новинари, кои ќе бидат назначени да ја дефинираат и промовираат сржта на новинарските стандарди, и да ја предодредат нејзината подобност“. Група предоминантни новинари одбрани од владата ќе одлучуваат за подобноста на други предоминантни новинари при добивање финансиска поддршка од владата.

Дел од финансиската поддршка е и рефундирачкиот кредит за данок исплатен на „подобни новински организации“ што ги поддржуваат „работничките трошоци“. Повторно, „независен панел основан од страна на новинската заедница“ ќе биде назначен да ја одредува корпоративната подобност.

600те милиони долари се форма на контрола и цензура. Со прифаќањето на овие пари, канадските медиуми како целина не се разликуваат од националниот јавен радиодифузен бродкаст сервис “CBC”. Како и „БиБиСи“, веста и мислењето обезбедено од “CBC”се решително централно-левичарски, со минимум вести за конзервативните погледи, пласирани како маска за нивната „непристрасност“.

Трудо го „вработува“ морковот. Доколку заземе централно-левичарски, про-глобалистички, провладин став, новинарската куќа може да добие финансиска поддршка од даночниот обврзник. Размислете самостојно и вие сте во опасност да не ги добиете парите кои се даруваат со љубезност. Ова е обид да се нахранат тие што се согласни, а да изгладнат тие што мислат поинаку.

Емануел Макрон, со пад според анкетите, и со оглед на тоа што се соочува со немири на улиците, има поинаков пристап. Тој го „вработува“ стапот.

Макрон верува дека она што е потребно е државата да влезе и да нареди што е вистинито, а што не е, а потоа да ја искорени невистината. Француската влада усвои легислативата која се обидува да го спречи вирусното ширење на она што го нарекува „дезинформација“ или лажни вести.

Државата си додели себеси извонредни моќи и овластувања за трите месеци пред изборите. На пример, еден судија би имал моќ да одлучи дали одредена вест е лажна и доколку се потврди дека е таква да се забрани нејзиното прикажување или да се побара од социјалните медиуми да го спречат нејзиното распространување. Но наместо да се трпи здодевноста на целиот процес на едно судење во обид да се одреди вистината со истражување на доказите, судијата ќе има два дена да донесе одлука.

Земајќи ја предвид брзината со којашто се шират информациите на интернет во денешно време, скоро е невозможно да се проверуваат фактите во секоја нова вест, особено на тема за којашто судијата може да знае многу малку, за само 48 часа. Штом една приказна влезе во сајбер-просторот, еден француски судија нема да биде доволен да ја сопре.

Земајќи ја предвид неспособноста на властите да го спречат ширењето на детска порнографија на интернет, зарем навистина можат да си замислат дека ќе можат да преземат соодветни чекори да ги замолчат илјадниците сајтови коишто никнуваат во секој момент? Интернетот се претвори во моќна алатка за оние што не припаѓаат на големите мејнстрим медиуми. Всушност, во најголем дел, само тоа и ни остана.

Без оглед на тоа колку мејнстрим медиуми се контролирани и принудени, секогаш ќе постојат медиуми кои сакаат да проговорат и да сe спротивстават. Некои вести што се објавуваат на интернет се дезинформација. Повеќето не се, но тие се непријатни за институциите. Можеби владите треба да веруваат дека можеме сами да си ја донесеме одлуката, но ние сигурно нема да и веруваме на владата доколку таа одлучува за нас.

Вистината не е сопственост на која било влада! Слободниот говор е камен-темелник, не само за демократијата, туку и за секое здраво општество. Размена на идеи и судир на мислења, луѓето кои имаат желба да истакнат дека царот нема облека, тоа е она што ни овозможува да напредуваме. Општествата кои бараат монолитно медиумско известување завршуваат како стагнати општества – или уште полошо.

Колумна #4 – Стефан Василевски, идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК [Conservative.mk]
Следете не на FacebookInstagram & YouTube.
Колумна #1  КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СВЕТСКА СУПЕР СИЛА ЗА ВОДА?
Колумна #2 – Семантика, еуфемизам & зелен конзерватизам
Колумна #3 – Фамилијарниот човек од челик: македонскиот либерал, кознервативец и националист [The Man of Steel]

ЗАБЕЛЕШКА: Конзерватив МК [Conservative.mk] работи во постојано партнерство со Алијансата на конзервативци и реформисти на Европа (ACRE) како и ЕКР Групата – Европските конзервативци и реформисти во европскиот парламент.

Сподели: