Руското влијание во Бугарија: Case Report by New Direction
16/08/2018 In Европа и светот Leave a comment
16/08/2018 In Европа и светот Leave a comment
Во извештајот, присутни се анализи и коментари од:
Groffrey Van Orden, европратеник и известувач за кандидатурата на Бугарија за членство во ЕУ
Tomasz Poreba, претседател на New Direction, a foundation for european reform – европратеник, член на Европската Конзервативна Група
Целосниот извештај ги опфаќа следните теми:
1. Краток вовед во играта на Путин во Бугарија (дел од текстот на Conservative.mk, преведен на македонски)
2. Анализа на Руско-Бугарските односи преку историските конекции, пост времето на Студената Војна, економски релации како и руското влијание врз политичката сцена во Бугарија
3. Искористувањето на историски, културни, религиски и друг вид на поврзувања
4. Директно линкови помеѓу бугарски политичари, бизнисмени и политички партии со Русија
5. Рускиот Гас како и контраверзниот Јужен Тек
6. Нуклеарната Централа БЕЛЕНЕ
7. Бургас-Александропулос
8. VTB операција
9. Врските преку инвестиции во недвижнини
10. Руското влијание во акција: Бугарија и западните санкции, деатата за одбрана и стабилност, бугарската и руската реакција за време на протестите во Македонија
11. Заклучоци
12. Коментари од два бугарски европратеници од конзервативната група.
Од историски, културни и политички врски до протестите во Македонија во 2015та година.
Краток вовед за играта на Путин и руското влијание во Бугарија. Текстот е превод на анализа на:
Groffrey Van Orden, европратеник и известувач за кандидатурата на Бугарија за членство во ЕУ.
Tomasz Poreba, претседател на NEW DIRECTION организацијата.
Conservative.mk како платформа со поддршка и дозвола од Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа, ви го доставува целосниот документ за руското влијание во Бугарија, прикачен во крајниот дел од текстот.
,,Додека западот вложуваше силни напори да ја придобие Русија и да и ги отвори вратите кон иднината и интернационалните организации, Путн подмукло го оживуваше духот на Студената Војна и целиот фокус го пренасочи во комбинирана стратегија на традиционалните воени закани, економски влијанија како и други слабости кои и се ,,закануваат” на Русија, се со цел да се врати што подлабоко во минатото. Овој извештај ги објаснува длабоко вкоренетите и мулти-левел врските кои Русија ги има и ги користи за искористување на Бугарија и зајакнување на руското влијание. Препорачливо е НАТО и ЕУ да обрнат големо влијание на овој проблем во престојниот период”.
вели – Groffrey Van Orden, европратеник и известувач за кандидатурата на Бугарија за членство во ЕУ.
Извештајот го продолжуваме со Tomasz Poreba, претседател на NEW DIRECTION организацијата која е основана од Маргарет Тачер, а претставува Think Tank организација на Конзервативците. Тој исто така е европратеник, член на Европската Конзервативна Група
Овој извештај на New Direction, доаѓа во едно многу клучно време, особено земајќи го во предвид фактот за последните случувања во земји како Украина, Сирија но и многу други Европски држави. Користијќи ја старата тактика divide et impera (раздели па владеј), Русија подмукло и неприметно се меша во политиките во скоро секоја земја членка во ЕУ, дали преку економија, спорт или друг вид на поврзаност, тие успеваат да навлезат во секој сегмент на општествот. Многу често, Русија го зголемува своето влијание и преку политички партии кои се цврсто поврзани со Москва (таков пример е Атака во Бугарија). Време е за подетална анализа на големата политичка игра на Путин и побрза реакција додека не е доцна.
Доколку можеме нешто да научиме од конфликтот во Украина, Русија неодамна пренасочи голем дел од своите ресурси како и го пренасочи својот фокус од мобилизација на силно оружје и армија во многу по ,,меки” начини или форми на оружје, односно во финансирање и купување на медиуми и политички партии. Case Study-то од Бугарија, прецизно ги идентификува новите аспекти на руско влијание, односно новото ,,оружје” на Русија за борба против ЕУ.
Оваа студија ги опишува во детали сите игри на Русија и уредно ја сумира современата руска политика и нејзините обиди да го поткопаат европското единство.
“By using gas experts as a political weapon in Bulgaria, Russia has succeeded in undermining European solidarity by creating political and economic rifts”
– со користење на експерти за гас како политичко оружје во Бугарија, Русија успеа да ја минира европската солидарност во државата со креирање на политички и економски расправии.
Како резултат на тоа, Кремлин (како и ГАЗПРОМ) ги искористија поделбите во Бугарија за да го задржат статусот на главен снабдувач, а во меѓувреме ја искористија Бугарија и за да го оживеат повторно Јужниот Ток како проект. Како и да е, гасот е само еден дел од нивното влијание во Бугарија. Покрај гасот, Русија успеа да навлезе длабоко и во домашната економија на Бугарија преку инвестирање во банкарскиот систем и во недвижнини што се докажува со неодамна купените 64.000 недвижнини од страна на руски жители во областа на Варна и Бургас. Исто така, економското влијание го искористи и за финансирање на бугарските локални но и дел од националните медиуми.
Да се докаже нечие геополитичко влијание преку економија е многу тешко, па затоа, Русија, и покрај санкциите од страна на Бугарија, успеа да го искористи овој момент преку слабостите на системот во Бугарија и да навлезе уште повеќе преку врските со про-Кремлинската политичка партија Атака.
Кога дел од бугарските политичари започнаа расправа за одбраната и безбедноста, се докажа големото влијание на Русија и мешањето во внатрешна политика, но преку своите сателити политичари, Русија успеа веднаш да направи политичка криза.
So-called “active measures” are a key KGB function – giving currency to false rumours and conspiracy theories, spreading scare stories, and covertly supporting groups or individuals whose activities may serve Russian purposes.
– дознајте повеќе за ,,активните методи” кои се клучот на функционирањето на КГБ како и за 12те погоре наведени точки во анализата во документот прикачен во следниот линк.
Russias-Influence-In-Bulgaria-NewDirection-report-
ВНИМАНИЕ: Conservative.mk има дозвола за користење на целосната база на податоци на коалицијата на Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа која ги вклучува: European Conservative Group in the European Parliament, Conservatives International, European Conservatives, The Conservative Online, New Direction – the foundation for european reforms. За секоја злоупотреба на информации, следи правна разврска со Алијансата на Конзервативци и Реформисти со седиште во Брисел, Белгија.
The Conservative Online
REPRODUCTION RIGHTS: All content and materials of The Conservative are copyrighted, unless otherwise stated.
DISCLAIMER: ACRE is a Belgian ASBL/VZW No: 0820.208.739, recognized and partially funded by the European Parliament. Its views are not reflected by the European Parliament. The views and opinions expressed in the publication are solely those of individual authors and should not be regarded as reflecting any official opinion or position of the Alliance of Conservatives and Reformists in Europe, its leadership, members or staff, or of the European Parliament.
New Direction
The activities of European political foundations fall under European regulations; these regulations refer to the legal framework, internal functioning and funding, as well as the financing, judicial control, transparency and accountability of European political foundations.