Публикација од 42 страни: Во Македонија е потребна промена на изборниот модел! Содржина на публикацијата: Воведен дел, идеолошки вовед, политички анализи, политички коментари, колумни на тема промена на изборниот модел, завршен дел.

Во Македонија е потребна промена на изборниот модел, заклучија учесниците во дебатата „Слободни и фер избори“организирана од идеолошкиот и аналитички центар КОНЗЕРВАТИВ МК [Conservative.mk]. Учество во дебатата земаа претставници на условно наречените помали партии позиционирани центар, центар-десно и десно во македонскиот политички блок. Токму таа политичка позиција центар-десно, е дел од идеологиите кои ги промовира Conservative.mk, како конзерватизам, класичен либерализам, либертаријанизам, енвиронментализам и национализам.

Проектот за промена на изборниот модел ќе се одвива во неколку фази:

  • ФАЗА 1 – Дебата со политички партии во домен на идеологиите кои ги промовира Конзерватив МК (Од поканетите, учество завземаа ЛДП – Либерал Демократска Партија, ВМРО – Народна партија, ГДУ – Граѓанско Демократска Унија, Обединети за Македонија, ТМРО, ПОЕН, Конзерватив МК како и граѓанското здружение МОДА. На дебатата беа поканети а не учествуваа: ДОМ, Алијанса на Албанци, БЕСА 2те крила)
    Дебатата ја имате во линк на првиот коментар со извештај во вториот коментар.
  • ФАЗА 2 – Декларација за фер, слободни и демократски избори кои беа потпишани помеѓу Конзерватив МК и учесниците на дебатата со кои се потврдува заложбата за целите. Потпис и печат обезбедени досега:
    Љубчо Георгиевски – ВМРО Народна партија, Петар Колев – Граѓанско Демократска Унија, Михаил Новковски – Обединети за Македонија, Ванчо Шехтански – ТМРО, Конзерватив МК, Благојче Атанасоски – граѓанско здружение МОДА и политички аналитичар, а се чека потврда од останатите 2, ЛДП – Либерал Демократска Партија како и ПОЕН.
  • ФАЗА 3 – Публикација (сликите од публикацијата се наведени во овој пост). Истата ја има прикачено и на нашава веб-страна во делот СПИСАНИЕ.
  • ФАЗА 4 – Проширување на иницијативата со останати политички субјеки во текот на 2019та година. Во следна прилика, ќе бидат поканети и контактирани и други претставници на политички субјекти со левичарска и десно ориентирана политичка позиција со социјал-демократска, демохристијанска, социјалистичка и друг вид на идеологија.
  • ФАЗА 5 – Обид за имплементација на промена на изборниот модел во парламентот на Република Македонија. [ВИДИ ВИДЕО на крај на овој пост]

П.С. Моменталната власт во предизборната кампања збореше за една изборна единица, но премиерот во неговото последно интервју за Цивил Медиа, вешто ја одбегнува оваа тема и НЕ дава одговор на прашањето, „кружејќи како киша око Крагуевац“.

Погледнете ја публикацијата со кликнување на наведениот линк.
ЛИНК: Publication-Free-and-Fair-Elections-CONSERVATIVEmk

Конзерватив МК [Conservative MK] – www.Conservative.mk
Следете не на FacebookInstagram & YouTube.

ВИДЕО Како до промена на изборниот закон

Сподели: