Инвестирање во образование: „Нема правда, нема мир!“
19/01/2019 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија, Образование Leave a comment
19/01/2019 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија, Образование Leave a comment
Како ученик на Сократ, автор на филозовската дијагноза, основач на академијата во Атина, првата институција за високо образование во западниот свет, Плутон е првиот голем филозоф кој го даде своето толкување за образованието. Тој го воведе образованието како клуч за креирање и одржување на неговата држава. Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните знаења, вештина и вредности од генерација на генерација.
Поголемиот број од населението немале никакво образование до првите децении на 19 век, кога во Европа и САД почнал да се воведува систем на основно училиште, иако во Велика Британија задолжителното образование е воведено во 1870 година. Во нашата држава задолжителното основно образование започнува од 2008 год.
Иако забораваме на фактот дека општеството се повеќе ни тоне надолу, само се пумпаат политички поени и народот ни се дели на патриоти и предавници, паролата „нема правда, нема мир“ како да е минато свршено време. Забораваме на фактот дека тетовските студенти пред неколку недели кренаа протест, незадоволни од условите за студирање на државните универзитети и корупцијата во високото образование. Министерството за образование пак, излезе со соопштение дека студентите досега не посочиле или не доставиле никакви официјални барања за своите проблеми…
Иако на почетокот на годината беа соопштени тендерите во четири очи склучени со министерството за образование и наука, нашите основци и средношколци уште немаат добиено учебници. Наводно нема кој да ги испечати па се поставува прашањето кој и какви тендери се обезбедени на почетокот на учебната година? Да не го заборавиме фактот дека некои училишта се затворени како на пример во Велес, неколку училишта се затворени поради лошите хигиенски услови т.е.поради шуга, затворени градинки поради ширење на заразни болести.
Студентските домови за кои 27 години се зборува дека ке се реновираат и пред секоја изборна кампања дека ќе се изградат нови, се оставени на заборав на времето. Зборот е збор и има вредност само доколку се иполнува. Во предизборните ветувања двета најголеми партии заземаа добар простор за нашата академска младина. Ветување од нов студентски град кој ќе е модерено архитектонско решение кое ке има функционалени содржини како: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сала, и фитнес-центар. Претходните наместо во студентски домови вложија во проектот- Скопје 2014, а сегашниве се чини дека и заборавија дека имаме образование. Во 21 век слободно можам да кажам дека условите во домовите за студенти се како во хорор филм.
Оваа година имаме и најголем број на иселени семејства од источна Македонија и најголем број на запишани студенти во најблиските земји како што се Словенија и Бугарија. Срамен факт за нашата држава е тоа што со години наназад македонските универзитети ги нема во 500-те најдобри (Шангајска листа). Иако образовниот систем е огледало на секоја држава.
Училиштето е главно средство за постигнување еднаквост. Талкот Парсонс, исто така, сметал дека училиштето е жариште во модерните друштва. Училиштето ги учи децата за тоа како друштвото не е составено од родителите, роднините, пријателите, туку дека во одделението можностите и условите се еднакви за сите. Училиштето ги учи децата да ги прифатат разликите меѓу партикуларистичките и универзалистичките норми на вреднување, а тоа е важно за да се вклучат во светот на возрасните. Партикуларните норми значат вреднување на поединец по она што е, а не кој е, и не од гледна точка на одредени критериуми (да се биде нечие дете или да припаѓа на некоја раса, религија, нација, итн.) Само образованието може да ја порази лошата власт. Ваквите потези кога партиските и коалициски игри се ставаат пред сериозноста во пристапот за образовни реформи кај нас говорат дека целта не била суштински пораз.
Јас, како претставник на Граѓанско демократската унија, ГДУ, можам да кажам дека за нас реформите во образованието мора да почнат со реформи во самото Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Наставните содржини и наставните планови во голема мерка се злоупотребуваат поради материјален интерес на мал круг на лица кои со години „предлагаат реформи“, издаваат или рецензираат учебници, наставни помагала, испитни програми, прирачници и слично.
Партијата ГДУ се залага за следните точки, кои во исто време се во согласност со конзервативните вредности промовирани од страна на Конзерватив МК:
Време е нашата иднина да ја насочиме кон образованието, само така ќе створиме еднакви шанси нашите млади да одат рамо до рамо со своите врсници од европското семејство. Време е посериозно да размислиме: Да биде Македонија навистина република!
Пишува: Фросина Китановска, ГДУ – Граѓанско демократска унија
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК #Конзервативци #Conservatives
Следете нѐ на Facebook, Instagram & YouTube.
,,Образованието е клуч што ја отклучува златната врата на слободата,,- Џорџ Вашингтон Карвер