Добредојдовте во најбрзо растечкото политичко движење во Европа, добредојдовте во Алијансата на конзервативци и реформисти – Граѓанско демократска унија, ГДУ!

Идеолошкиот и аналитички центар [политичка организација] Conservative.mk, работи во партнерство со Алијансата на конзервативци и реформисти – АКРЕ чија парламентарна група во Европскиот парламент се Европските конзервативци и реформисти, но и со сите политички партии и групации кои се членови на истата. На 22-ри и 23-ти февруари во Рим, Италија, се одржува самитот на Алијансата на конзервативци и реформисти – АКРЕ (Европските конзервативци и реформатори). На покана на АКРЕ и Европските конзервативци, на самитот учествува македонската конзервативна политичката партија ГДУ – Граѓанско Демократска Унија која потпиша меморандум за соработка кој е прв чекор до станување на официјален член.

La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на Eвропарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати. Настанот е во организација на политичката партија Fratelli d’Italia која е нов член на АКРЕ, а моментално е еден од носителите на коалицијата на обединетите конзервативци и суверенисти во Италија заедно со носечката партија на Матео Салвини, ЛЕГА. Обединетите италијански центар-десно политички партии ќе застанат рамо до рамо со Европските конзервативци и реформисти на изборите во Мај 2019та година. Од останатите значајни партии кои членуваат во АКРЕ, можеме да ги наведеме Републиканската партија на САД, ЛИКУД партијата од Израел, Конзервативците од Британија, Либералната партија од Австралија, воедчката конзервативна партија од Полска, Обединетите патриоти од Бугарија и многу други европски и светски политички партии и групации. 

Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот.

Дел од мрежата на Алијансата на конзервативци и реформисти се: The Conservative Online, Conservatives International, ECR Group in the EU Parliament, European Young Conservatvies, Конзерватив МК [Conservative.mk] и многу други.

ДОБРЕДОЈДЕ: CDU – Civic Democratic Union, ГДУ – Граѓанско демократска унија!

Граѓанско демократската унија – ГДУ, претставува модерна конзервативна партија која се залага за силен приватен сектор, ниски даноци, либерална економија, стабилни граници, силна армија, правна држава со силни индивидуи, а од идеолошки аспект е конзервативна (прогресивна и либерална) партија. Покрај тоа, дел од заложбите на ГДУ се и екологијата и здравата животна средина односно енвиронментализмот. Следете ги ГДУ на социјалните медиуми: Facebook & веб-страна.

 

Сподели: