Вакцини: Став, зошто, кои и како?
22/01/2021 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Македонија Leave a comment
22/01/2021 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Македонија Leave a comment
Реномираниот медиум Дојче Веле денес ја потврди тезата на д-р Василевски во емисијата на Радио Лидер, дека вакцината АстраЗенека која функционира на застарен модел како и руската „Спутник V“, покажува помала ефикасност од новиот модел на РНК вакцини како Pfizer/Moderna.
„Вакцината во истражувањата покажа помала ефикасност (70 проценти) од вакцината на Бионтек и Фајзер“ – се вели во текстот на Дојче Веле:
1. Pfizer/Moderna – околу 95% ефикасност.
2. AstraZeneca – околу 70% ефикасност.
3. Sputnik V – нема доволно информации доставени до јавноста до декември, но веќе се најавуваат првите резултати. Се очекува официјална објава наскоро.
Стефан од Конзерватив потенцираше дека никој на сила не смее да ве натера да се вакцинирате, но вакцините се добри, ефикасни и функционираат. Тие се меѓу најдобрите откритија заедно со антибиотиците и останатите лекови заради кои денес живееме околу 30% подолго и поквалитетно во споредба со пред само 1 век. Изборот ќе биде ваш.
Вирусот е веќе во фаза каде не може да се запре. Тоа значи дека сите ќе го прележиме порано или подоцна. Затоа, постојат 2 сценарија за вакцинација со кои ќе се соочиме како и 2 вида на ризик. Трета опција нема.
Целата емисија на следниот линк: КЛИКНИ ТУКА.
Десницата во новата [не]нормалност мора да цели кон политика ориентирана спрема реалност, а не ботови на социјални мрежи. Како лекар, ќе кажам дека помеѓу приоритетите на десницава во моментов треба да е цврст „про-вакцина“ став притоа запазувајќи ја слободата на избор на граѓанинот во однос на вакцините за КОВИД-19. Кој сака – да се вакцинира, кој не – не мора. Сепак, потребна беше но и сè уште е, масовна кампања од едукативен карактер за вакцините бидејќи тие се можеби најдоброто откритие во медицината заедно со антибиотиците.