Конзервативците во новата [НЕ]нормалност
22/01/2021 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
22/01/2021 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
Одјавна колумна за 2020та: Десничарите во новата [НЕ]нормалност. Пишува: Стефан Василевски, управител на Конзерватив МК.
Пост-Трамп периодот ќе биде тежок за десницата, а колку побрзо се соочиме со реалноста, толку полесно ќе излеземе како победници, повторно. Доколку Трамп се соочи со лидерски комплекс како Луј 14ти (јас најдобар – после мене никој друг ниту подобар!), тогаш десницата не само во САД, туку и во светот е во опасност од движење во надолна линија.
Кој ќе ги прави промените? Тој или тие што има(ат) одлучност за акција, визија и понуда. А тој што ја нема оваа златна тројка, може да биде само колатерална штета на природен процес кој следи, а не може да се запре. Глобализацијата врви, а „калкулантските“ политики се минато и губитнички. Доказ за ова кај нас се последните избори во Штип, каде и покрај сите национални понижувања – победи опцијата која даде понуда (макар и лоша). Сумирано: победува само акција и понуда, без разлика дали доаѓа од десно, лево или десно од центарот (мое омилено). Но што било – поминало и нема фајде од полемизирања туку треба одговор: како понатака?
Десницата во новата [не]нормалност мора да цели кон политика ориентирана спрема реалност, а не ботови на социјални мрежи. Како лекар, ќе кажам дека помеѓу приоритетите на десницава во моментов треба да е цврст „про-вакцина“ став притоа запазувајќи ја слободата на избор на граѓанинот во однос на вакцините за КОВИД-19. Кој сака – да се вакцинира, кој не – не мора. Сепак, потребна беше но и сè уште е, масовна кампања од едукативен карактер за вакцините бидејќи тие се можеби најдоброто откритие во медицината заедно со антибиотиците.
Вирусот е веќе во фаза каде не може да се запре. Тоа значи дека сите ќе го прележиме порано или подоцна. Затоа, постојат 2 сценарија за вакцинација со кои ќе се соочиме како и 2 вида на ризик. Трета опција нема.
Јас го бирам ризик 2 (слика – десно), вакцинација. На тој начин „ризикувам“ несакани ефекти од вакцини кои се скоро и непостоечки. Дури и тие „несакани ефекти“ се минорни и едно големо ништо во споредба со симптомите на тешко заболување од кинескиот коронавирус. Најголем дел од „несаканите ефекти“ настануваат во првите 3 месеца, така да скоро сите вакцини се веќе сигурно безбедни.
Изборот е ваш и никој нема право насилно да ве принудува. Сепак, вакцините функционираат. Лекови, вакцини и слични научни достигнувања во науката го направија животниот век на човекот за скоро 30% подолг и полесен за само 1 век. Денес живееме во просек околу 80 години.
Само 14% од Македонците не веруваа во безбедноста на вакцините, а денес таа бројка е поголема!
Според последните големи истражувања и анкети, само 14% од граѓаните на Македонија не веруваат во безбедноста на вакцините. Мнозинството во светот односно 9 од 10 луѓе веруваат дека децата треба да се вакцинираат. Истражувањето е направено врз 140.000 луѓе од 140 држави. Студија “Wellcome Global Monitor” е најмасовното истражување во светот направено со цел собирање на податоци од јавното мислење за науката во целост, но и најважните здравствени предизвици.
Извор: Data published by Wellcome Trust (2019), Wellcome Global Monitor. Link: https://wellcome.org/reports/wellcome-global-monitor/2018 &
Поради недостаток на едукација на граѓаните за вакцините за време на коронавирус пандемијата, како и целата хистерија околу пандемијата, овие бројки се променети. Сепак, повторно „анти-вакс“ групацијата е помала од тивкото мнозинство кое е „про-вакцинација“. Колку и да е во пораст „анти-вакс“ движењето, политика на десничарите базирана за задоволување на овие групи може да донесе популизам на краток рок, но лош исход на долг рок. Од друга страна, недоволно информирање на јавноста од едукативен карактер и учество во про-вакцина кампањите од десницата, ќе направи вакум простор за раст на лев, но и десен популизам. Да не дозволиме!
Министерството за здравство има само еден пост во декември за вакцини на социјалните мрежи, додека Европската комисија има повеќе од 35 поста, 10 видеа, десетици едукативни информации, инфографици, публикации и слично. Во моментов граѓанинот на Македонија се соочува со:
Сето тоа резултираше и со лоша стратегија за вакцинација на нашите инснтитуции во споредба со брзата реакција на Србија, а доцната вакцинација е штетна и за економијата, покрај здравјето – како што вели Тони Блер во најновата колумна “We are in a race against time – we must change our vaccine policy now”
Иако во времето на Роналд Реган (икона на конзервативците), прашањето за абортус беше дигнато на високо ниво на дискусија низ призма на идеологија, сепак денес повеќе не е така. Абортусот е морално (етичко) прашање, НЕ Е идеолошко. Оттука, во новата декада конзервативците треба да го прифатат современиот либертаријански модел на слобода, а не застарениот базиран на забрани. Мое тело – мој избор. А исто така треба да биде и за вакцината за КОВИД-19. Сепак, во никој случај не смееме да ја запоставиме темата!
Наталитетот, про-лајф политиките и патриотизмот остануваатнаши заложби.За таа цел потребна е максимална етичко-морална едукација на населението и на младите целни групи преку организација на настани од јавен (не партиски) карактер, но и внатрепартиски, инвестиција во про-лајф видеа и рекламни спотови и користење на религискиот елемент во активни анти-абортус политики. Сепак, се ова се прави преку сериозни и темелни „Pro-life“ платформи. Дали има таква во десницава? Не, нема! Ајде да понудиме креирање во иднина.
Новата [НЕ]нормалност ќе е шанса за нас конзервативците да ја докажеме целта на нашето постоење: Да го зачуваме најдоброто, но и да го реформираме застареното нудејќи иновативни и долгорочни решенија. Да покажеме дека прогресот доаѓа и од десно. Во спротивно, ризикуваме да навлеземе уште подлабоко во „анти-политика“ која ќе не однесе на маргините. За останати теми, повеќе во новата 2021-ва година.
Автор: Стефан Василевски,
Идеолошки и аналитички центар Conservative.mk