Индекс на бирократија
22/01/2021 In Conservative.MK, Европа и светот, Економија, Конзерватизам Leave a comment
22/01/2021 In Conservative.MK, Европа и светот, Економија, Конзерватизам Leave a comment
Колку време троши една мала фирма на бирократија годишно?
Можеби ќе ви делува изненадувачки, но Македонија е земја каде малите фирми и бизниси поминуваат релативно помалку часови занимавајќи се со бирократија во споредба со други европски земји. Во просек, секој мал македонски стопанственик посветува 154 часа, односно шест и пол дена годишно за да ги надмине бирократските пречки на државата.
Овој податок потекнува од Индексот на бирократија за 2020 година кој е изработен од шпанскиот тинк-тенк Fundacion Civismo од Мадрид во соработка со INESS, Liberalni Institut, Competere – Policies for Sustainable Development, Macedonia 2025, Lithuanian Free Market Institute и Friedrich-Naumann-Stiftung fur diе Freiheit.
Овој индекс го анализира товарот на бирократија врз малите фирми и бизниси. Под поимот товар се подразбираат сите дозволи, лиценци, документи за вработување и отпуштање, сертификати, завршување на задолжителни извештаи, документи за плаќање даноци, како и многу други бирократски оптоварувања што законодавството им ги наметнува на стопанствениците на штета на нивната продуктивност.
Иако Македонија е рангирана на врвот на листата што е за поздравување, сепак потребно е законодавците да станат уште посвесни за тежината што бирократијата ја наметнува на малите фирми со цел дополнително поттикнување на инвестициите и претприемништвото во државата.Само преку силен приватен сектор македонската економија ќе се модернизира и ќе бележи високи стапки на раст! Конзерватив МК продолжува да застапува политики на слободен пазар во склад со своите интернационални партнери!Во продолжение ви ги прикажуваме резултатите од истражувањето:
1.МАКЕДОНИЈА – 154 часа
2.Словачка – 217 часа
3.Чешка – 223 часа
4.Литванија – 271 часа
5.Италија – 312 часа
6.Шпанија – 369 часа
Линк до целата анализа со кликнување тука. Пишува: Филип Ивановски