Од денес и официјално, претседател на САД е Џозеф Бајден, а потпретседателка Камала Харис. Од идеолошки аспект, Џо Бајден е повеќе ориентиран кон класичниот центар, додека пак Камала Харис доаѓа од силното лево крило на САД.

Тие ќе го започнат својот мандат со целосна власт: Претседател на САД, мнозинство во Конгрес (House of Representatives) & Сенатот. Така ќе биде до 2022ра година, кога може да очекуваме прв пресврт односно десничарите повторно да завземат контрола врз најважното тело во САД – Сенатот. Моментално резултатот е 50:50, а при таков распоред, потпретседателот на САД го има одлучувачкиот глас. На овие избори, Републиканците (десничарите) пораснаа во Конгресот (House of Representatives), но не го задржаа Сенатот.

House of Representatives: 222 конгресмени имаат демократите (левицата), 212 републиканците (десничарите). Еден е сè уште неодлучен.

Сенат: Резултатот е изедначен, но одлучувачка моќ ќе има +1 односно според правилата – потпретседателот на САД.

Конзерватив МК и наши активисти имаа чест што уште во 2016та беа дел од изборите во САД со нашите идеолошки истомисленици, како и низ годините кога бевме дел од настани каде за прв пат учествуваат официјално македонски делегации (CPAC 2019 – Conservative Political Action Conference). Во иднина продолжуваме да делуваме во насока на зајакнување на капацитетите на десничарските идеологии и ќе се обидеме да ја продлабочиме соработката со десницата во САД. Секако, од тоа ќе се обидеме да извлечеме полза за Македонија, а не само да учествуваме за сликање по ходници. Зошто и да не, да донесеме дел од фронтмените на некоја конференција или самит од отворен карактер. Секако, ако успееме да добиеме соодветна поддршка за истото.

Од денес, Џо Бајден е претседател на САД, не на левицата. Како 30та членка на НАТО и официјален стратешки партнер на САД, треба да го гледаме низ призма на државност, дипломатија и билатерален интерес, а не емотивно или идеолошки. На тој начин, бенефитот за нашата држава ќе биде поголем и загарантиран.

Слика: Приказ на моменталната состојба на политичката сцена во САД (Конгрес/Сенат).

Сподели: