Урбана десница
18/04/2020 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија Leave a comment
18/04/2020 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија Leave a comment
Жал ми е што во нашето општество народот има скроз погрешна дефиниција за десница, конзерватизам и патриотизам. Патриотизмот единствено се сведе на посетување на гробови на револуционери, ставање тетоважа од крст, ширење антизападно расположение и шовинизам. (Во меѓувреме, истите луѓе немаат основно познавање на сопствениот јазик, а половина од нив имаат бугарски пасоши и нарачуваат српска песна у кафана…)
Ајде да го смениме „стереотипот“ во нашето општество кој десницата ја поистоветува со затуцани шовинисти. Да направиме десничарите и конзерватиците да бидат главните мангупи по градовите, едуцирани, конзервативни, просперитетни и финансиски моќни. Мабетите за непотребна историја ќе ги заменат со муабети за нови бизниси и извоз низ регионот. Да бидеме млади полиглоти кои ќе шетаат на семинари во странство и ќе пијат коктелчиња по rooftop барови. Да шириме МАКЕДОНИЗАМ и да пропагираме вистински патриотизам. Да се водиме од капиталистичките постулати и така да ја направиме државава подобро место за живеење за сите.
Да ве потсетам, Пиринот и Егејот ќе ги вратиме единствено ако обезбедиме економска слобода за движење на стоки и услуги, поинаку е невозможно, да бидеме реални. На крајот, да изградиме сопствени фамилии кои ќе си го почитуваат сопствениот корен. Да ја наместиме фризурата со гел од центар кон десно и да почнеме да доминираме. Прогрес, а не регрес!
Автор на текстот: Боемот (instagram: @boemot) #ПослушајтеПатриоти