Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?  

Затоа што политиката претставува суштествен поим со чија помош се реализираат различните општествени процеси круцијални за луѓето во една заедница на локално, национално и на меѓународно ниво. Таа претставува носечка активност со која луѓето се групираат, настојуваат да ги остварат парцијалните и колективните замисли. Исто така политиката како активност може да се анализира и од аспект во смисла на темата на која се однесува истата: здравствена, научна, образовна, социјална, младинска политика, итн.

Токму поради овие причини, победникот на ниво на наука и истражување ќе биде и политички победник во периодот пост-кризата. Главната битка ќе биде меѓу ЕУ и САД. Да ја погледнеме статистиката од светот за вакцините:

1.Европа е глобален лидер во производство и истражување за вакцини!

Вакцините заедно со антибиотиците се можеби двете најзначајни откритија во медицината. Дури 76% од истражувањата и производството на вакцини се реализираат во Европа! Потоа следи Северна Америка со 13%, Азија со 8% и остатокот од светот со 3%. Секоја година 1,7 милијарди вакцини се произведуваат во Европа. Овие вакцини се користат за имунизација на населението ширум светот со цел штитење од заразните болести. Vaccines Europe е глобален играч кој е одговорен за ¾ од производство на вакцини низ светот.

2.Европската индустрија за вакцини: лидер во полето на истражување и развој.

Статистиката на Европската комисија (European Commission industry scorecard) покажува дека индустријата за вакцинирање е лидер во полето на иновативна индустрија. Со толку голем интензитет на истражување и развој, Европа е светски лидер во истражување како и производство на вакцини.

3.Индустријата за вакцинирање има значаен придонес во економијата на ЕУ, создавајќи 122.000 работни места (директно и индиректно). 

На следниот график е претставено влијанието на индустријата за вакцини врз економијата преку креирање на работни места. Податоците се земени од 2019 PWC Report: Економски и социјален отпечаток на фармацевтската индустрија во Европа.

ЗАКЛУЧОККризата донесе големи политички ескалации. Европската унија не се покажа најдобро на план на солидарност (доцни мерки) ниту пак на план за изнаоѓање заедничко и „европско“ решение за кризата. По 14 часовни маратонски разговори, Еврогрупата (Eurogroup) заврши без договор. Не успеаа да најдат заеднчки јазик и решение за економските мерки за коронавирусот. Ситуацијата во Италија станува тензична, а бројот на жртви од пандемијата расте. Пандемијата се проширува со огромни размери. Доколку САД под водство на Трамп успее да ја добие битката со вакцина, тогаш ЕУ ќе биде поразена на свој терен и во поле каде што доминира. Но, доколку ЕУ успее да ја добие битката со вакцината, ќе ја добие и војната. Едноставо, ЕУ ќе биде најголем победник.

ПишуваСтефан Василевски, дипломиран лекар по општа медицина и управител на Конзерватив МК Conservative.mk

Сподели: