Политичката слика на Западниот свет во последно време претрпува многу важна промена, и се што гледаме се левичарски влади во пад. Ова е многу силен индикатор дека нивните експериментални политики не вродија со очекуваниот плод, а само еден од многуте примери во последниве две години е Канада. 

Про-феминистичката влада на Трудо непрекинато губи политичка крв, а најнова рана е фантастичната победа на конзервативците во провинцијата Алберта од пред два дена, при што тамошната поразена левичарската влада стана единствената локална влада во историјата на Канада која паднала после само еден мандат.

Конзервативците од Канада, членки на АКРЕ и наша сестринска политичка партија/групација преку глобалната мрежа на Алијансата на конзервативци и реформисти, успеаа да ја издвојат оваа особено битна победа под мотото на обединети конзервативци. Под обединети конзервативци “United Conservatives” застанаа: Канадската прогресивно конзервативна партија & Канадската алијанса на реформисти и конзервативци.
Идеолошки позиции на Обединетите конзервативци:

  • конзерватизам [традиционален и социјален конзерватизам];
  • економски либерализам [слободен пазар и дерегулација на економијата];
  • канадски федерализам;
  • фискален конзерватизам [низок данок, помала потрошувачка од страна на владата и намалување на долгот].

Во 2017 година гласачите на најголемата Канадска провинција, Онтарио, ги разбрануваа политичките води нанесувајќи и го првиот удар на владата на Трудо, кога прогресивните конзервативци предводени од Даг Форд остварија победа на тамошните избори. Она што е интересно е дека Форд освојува победа целосно потпирајќи се на анти-Трудовска, анти-елитистичка и анти-ПЦ политика, во речиси идентичен стил на кампањата на Доналд Трамп во САД во 2016.

Ако на ова го додадеме најновиот конзервативен бран кој ја поплавува Европа, јасно е дека потребата за вистинска конзервативна опција во Македонија никогаш не била поголема. И ако видиме дека многу поголеми, побогати и технолошко понапредни земји од нашата, согледаа дека дури и нивните развиени економии ќе потклекнат под неразумните политички решенија на левичарските влади, тогаш какви шанси има нашата кршлива економија, особено со ова ниво на корупција?

ГАЛЕРИЈА

Автори: Марјан Ќуринов & Стефан Василевски
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК
Следете не на FacebookInstagram & YouTube

Сподели: