“RUSSIAGATE” скандал: Тектонски поместувања во Американското општество во очи на изборите.

Денес Трамп на Твитер соопшти дека потпишал указ со кој ќе ги декласифицира и објави сите документи поврзани со „Рашагејт“ (Russiagate), скандалозен процес (поточно, „лов на вештерки“) што го водеа Демократите против него. Процесот кулминираше со неуспешниот импичмент и оцрнување на угледот на избраниот претседател на САД. На крајот на истрагата се покажа дека Трамп немал никаква соработка со Русија во изборниот процес и дека сè било местенка од раководните органи на неколку државни агенции, тогаш сè уште под контрола на Демократите, кои тој не се воздржуваше да ги нарече „мочуриште“ или „длабока држава“ (swamp; deep state).

„Одобрив целосна декласификација на секој и сите документи поврзани со најголемиот политички КРИМИНАЛ во Американската Историја – Руската измама. Исто така, скандалот со е-меиловите на Хилари Клинтон. Без редактирања!“ напиша тој.

Кога сите документи ќе бидат објавени и сите редактирања тргнати од извештаите, нацијата ќе види дека голем број на луѓе се вмешани во овој скандал, а биле на високи раководни функции во државната администрација.

Документите ќе потврдат дека директорот на ЦИА Џон Бренан го известил Обама за „план“ на тогашната кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон да го оцрнат Трамп со обвинувања за „соработка со Русите“, и дека суштината на целиот процес бил започнат за „да се сврти вниманието од од нејзиното користење на приватните сервери“ во кампањата пред изборите на 2016.

📌 (Прикачен документ)

Целата нова ситуација со скандалот „Рашагејт“ (Russiagate), ќе доведе до тектонски поместувања во Американското општество во очи на изборите, кои веќе се започнати.

Пишува: Зоран Данилов, оперски пејач, голем фан на конзервативните политики како и на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сподели: