Промоција на CONSERVATIVE.mk: „Разбирајќи го конзерватизмот“
17/09/2018 In Conservative.MK Leave a comment
17/09/2018 In Conservative.MK Leave a comment
Во недела, 23 септември, во просториите на телевизија 21 [Square 21], со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи промотивен настан на иделошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Настанот ќе се состои од следниве три дела:
· Промоција на иделошкиот и аналитички центар Conservative.mk [30 минути]
Вовед во нашата платформа и идеологиите кои ги промовираме – конзерватизам, либертаријанство [класичен либерализам] и енвиронментализам [зелен конзерватизам].
· ДЕБАТА: „Разбирајќи го конзерватизмот“ [40 минути] предводена од:
– Стефан Василевски, Управител на Conservative.mk и носител на политичката групација [коалиција] Алијанса на конзервативци и реформисти во Европа за Македонија.
– Александар Богоевски, Главен и одговорен уредник на Conservative.mk и носител на политичката групација [коалиција] Алијанса на конзервативци и реформисти во Европа за Македонија.
· Коктел со едукативни видеа [1 час] во кафе барот на Телевизија 21.
Промотивниот настан е од затворен карактер, но доколку би сакале да присуствувате, ве замолуваме да се обратите до некој од уредничкиот тим на Conservative.mk. На настанот ќе присуствуваат лимитиран број на гости, претходно најавени со покани, како и целиот тим на иделошкиот и аналитички центар Conservative.mk и партнерските организации кои бројат 120 активни члена.