Идниот претседател на Европската комисија треба да биде конзервативец од источните држави за да се врати рамнотежата!
17/09/2018 In Европа и светот Leave a comment
17/09/2018 In Европа и светот Leave a comment
Големиот проблем на Европската Унија е тоа што не може да се одлучи што точно таа сака да биде: наднационална држава (федеративна или конфедеративна) или обична организација заинтересирана за соработка.
Прашајте тројца луѓе и ќе добиете пет различни мислења.
Тој институционален парадокс и ќе доведе до нејзина пропаст.
Денешните европски институции тешко може да се споредат со традиоционалните демократски институции на националните држави. Од оваа гледна точка, Европската Унија е послична на некоја слика слика на Џексон Полок отколку на Да Винчи.
Со други зборови: таа е хаос!
Од сите ЕУ институции, Комисијата е таа којашто ја има најактивна улога и нејзиниот претседател е личноста која го држи европскиот мандат.
Следните избори за Европскиот парламент ќе се одржат во 2019 година. Парламентарното мнозинство ќе одлучи, преку директно гласање кој ќе биде следниот претседател на комисијата. Овој механизам сепак не е толку едноставен.
Оваа пролет беше одбиен предлогот, особено поддржан од страна на Германија, којшто велеше дека листата на партиите треба да содржи, така наречен „spitzenkandidat“, којшто ќе биде номиниран од страна на партијата за претседател на комисијата.
Барем во 2019, Претседателот ќе биде назначен како и до сега според преговорите во Европскиот совет од страна на 27-те земји членки. Европскиот парламент ќе гласа за кандидат којшто е резултат на „мал договор“ помеѓу лидерите на ЕУ членките.
Обложувалниците ги отворија своите врати. Забележете дека ова сепак не е демократски процес туку обична трговија помеѓу моќниците во Европа.
Интересно е што Германија до сега имала само еден претседател на Европската комисија, Валтер Халштајн, којшто беше и нејзиниот прв претседател во 1957 година. Во политичките кругови во Берлин веруваат дека следниот претседател на комисијата треба да биде германец.
Првото предложено име беше тоа на Петер Алтмајер, Министерот за финансии во новиот кабинет на Меркел. Подоцна и сегашниот лидер на Европската народна партија, Манфред Вебер, беше сметан за соодветен кандидат. Меркел всушност него и го предложи како нејзин „spitzenkandidat“ иако тој нема никакво премиерско искуство.
Сепак внимавајте!
Германскиот Канцелар не кажа дека Вебер би бил кандидат којшто таа би го поддржала во Европскиот совет. Со други зборови Меркел остава простор за маневрирање.
Ако ги погледнеме претседателите на комисијата во последните 15 години ќе приметиме дека сите тие се повеќе резултат на компромис внатре во Советот, отколку претставници на силна нација.
Покрај своите лични квалитети, Јункер и Баросо не беа поддржани од страна на некоја силна држава, а Проди ја немаше поддршката на најважната Европска партија. Ако ги погледнеме работите на овој начин, целата историја на ЕУ во последните 20 и нешто години е серија од компромиси со цел да се одржи привидната рамнотежа. ЕУ дефинитивно не е сојуз на соединети држави.
Суверенитетот денес повторно се појавува како најкритичен тренд во Европската политика. Како што популистичките и националистичките партии земаат замав ова прашање ќе ги одлучи изборите во 2019 година.
Брегзит беше настанот што го наруши балансот. Можеби британците не беа секогаш најактивни во европската интеграција, но секако беа фактор којшто правеше баланс помеѓу Франција и Германија. Така што не е воопшто некое изненадување што вториот кандидат со сериозни шанси за позицијата претседател на Европската комисија е Французин. Тоа е Мишел Барниер, цврст преговарач којшто е стравствен еврофил.
Можно е повторно да гледаме натпревар Франција против Германија.
Брегзит на тој начин не предизвика криза само помеѓу односите на Велика Британија и остатокот од Унијата.
Брегзит ги натера членките на Вишеградската група да ги збијат редовите и ја доведоа под знак прашалник мантрата на европската политичка коректност. Брегзит исто така отвори и ризик од Француско-германски судир за самата иднина на Унијата, нешто што и самиот француски претседател Макрон го предвиде. Тој сега сака работите да бидат по негово.
Златните години на ЕУ, доколку воопшто постоеле, биле период на компромис, дијалог и баланс како во Договорот на Рим.
Доколку Европската Унија сака да остане обедината, силна и кохерентна, тогаш мора стратешки да избегне било каква поделба на исток и запад, сиромашни и богати, мали и големи. Дали сепак ќе го направи тоа?
Исто така ЕУ мора да ги почитува суверените нации и не смее да стане наднационален извор на контроверзии. Повеќе нема волја за такво нешто во повеќето европски претстолнини.
Ако ме прашате мене, јас сметам дека следниот претседател на Европската комисија треба да дојде од источните членки на ЕУ и да биде од десната страна на политичкиот спектар.
Само тогаш ќе можеме да го сведочиме враќањето на рамнотежата на Европскиот проект, со вистински амбиции и фокус на економската соработка, а не на политичката контрола и доминација.
Conservative.mk во партнерство со Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа (ACRE), има дозвола за користење, превод и споделување на информациите од списанието The Conservative Online. Прочитајте ги правилата и прописите за користење на информации од The Conservative Online како и New Direction – a foundation for European reform.
The Conservative Online
THE FUTURE PRESIDENT OF EUROPEAN COMMISSION SHOULD BE CONSERVATIVE FROM AN EASTERN STATE TO RESTORE BALANCE
by Laurențiu Rebega is a Romanian politician and since 2014 from Romania, a member of the European Parliament.
REPRODUCTION RIGHTS: All content and materials of The Conservative are copyrighted, unless otherwise stated.
DISCLAIMER: ACRE is a Belgian ASBL/VZW No: 0820.208.739, recognized and partially funded by the European Parliament. Its views are not reflected by the European Parliament. The views and opinions expressed in the publication are solely those of individual authors and should not be regarded as reflecting any official opinion or position of the Alliance of Conservatives and Reformists in Europe, its leadership, members or staff, or of the European Parliament.