Стоп за извршителите во време на вондредна состојба.
20/03/2020 In Conservative.MK, Економија, Македонија Leave a comment
20/03/2020 In Conservative.MK, Економија, Македонија Leave a comment
Во време на пандемија која не ја паметиме наназад стотина години, кога во Македонија јавниот живот е забранет и кога изразуваме поддршка и благодарност до сите здраствени работници и сектори кои се вложуваат во справувањето со сосјтобата, време е за една промена. Имено, законските „крлежи“ слободно си работат и го тероризираат народот на законит начин. Секој ден се блокираат сметки. Се извршуваат наплати од народ кој е во карантин кога се апелира да се седи дома и кога страда економијата. Во меѓувреме, извршителите продолжуваат да се богатат.
Ја повикувам владата под итно да донесе мерка за запирање на работата на извршителите додека трае пандемијата со коронавирусот. Да се запре собирањето арач до нормализирање на состојбата. После нормализацијата, итен закон со кој ќе се уредат нивните награди и процентот кој го земаат при извршување или повторно враќање во судовите. Народот повеќе не може да ја трпи нивната „човечност“ која уште еднаш ја покажаа на дело во време на оваа состојба.
Автор: Михаил Новковски, дел од Извршен комитет на Македонска Акција – МААК, уредник на Конзерватив МК и дипломиран археолог.