Ленин или Боки 13 прашањето е сега.

Ленин интересно типче го гледавме на спотови седнат до Путин, нешо го апсат у Берлин, овде го гледавме со Грујо, Ѓорѓе…Го видовме и Ставревски како оди кај него облечен во моторџиски фазон со кожна јакничка од Турска и шпиц кондура, со моторине се појави еднаш ил двапати кај Бетмен и неговата револуција. Така ко појава заебан тип, но шо да праи човекот председател на Балканов на опасните момци „Ноќни волци“ мораше да се држи до тој имиџ. Не е битно, битно е што тогаш многу го критикуваа како да е дел од на Грујо причата, но од сигурни извори знам дека Грујо се залепи на таа прича, сакаше пустиот да глуми Путин. Го критикуваа и од невладиниов сектор дека пишувал по забавите забрането за педери и дека шири анти ЛГБТизам.

Но да сме искрени, додека сите локали кај што оди тој свет беа направени сол, локалот кој што дели двор со кафичот на Ленин а во главно гости се луѓето од ЛГБТ не беше пипнат. Ниту па на еден гостин му фалеше влакно.

Сеа одиме на опасниот момак од овој систем кој и не го критикуваат до толку дека е дел од новајлииве, а го гледаме сликан со Заев, Шеќеринска по куќа му шета, Ременски веќе се докажа дека е врзан дел на Боки 13, ама буквално сликан со целата ни влада и тоа брате у опуштена атмосфера до даска. Си го гледаме Бокица како си ги полни торбичките со евриња, му ги слушаме телефонските муабети (лигавења со сељачки београдски акценат) како си ги токми сите без око да му трепне. Одма е јасно дека некој му дал „грин кард“ да биде опасното момче. Го слушаме и премиерот ни тогашен како се закани дека педер немало да го сјебе. Пак ЛГБТ крива.

Него муабетов ми е, сите шо тогаш новинари јадеа гурабии за Ленин дека веел Македонско знаме како дел од на Грујо причава, сите до еден се вработени или сликани по купаќи гаѓички во домашна атмосвера со Бокица. Па сеа шо е поарно да возиш мотор и пиеш пиво со момциве на Ленин, па и некогаш да ги видиш со развени македонски знамиња па и да го утнале премиерот не е некое зло, или да пиеш милкшејк во домашна атмосфера со Фацки ко Боки 13 у купаќи. Види си, голем си.

Автор на текстот за Конзерватив МК: Александар Цезар Коневски

Сподели: