Младите лекари излажани, а кризата со коронавирусот може да ескалира!
20/03/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Економија, Македонија, Образование Leave a comment
20/03/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Економија, Македонија, Образование Leave a comment
Околу 200 млади лекари имаат полагано државен испит од декември до денес.
Истите веќе се имаат стекнато со лиценца за работа, а согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/19) докторите на медицина со лиценца за работа треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација.
Овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година.
Италија: 10.000 нови лекари во еден акт! Македонија: околу 200 млади лекари оставени на цедило!
Една од причините што овие млади лекари се уште немаат започнато со својата пракса е дека Министерството за финансии не оддвоило буџет за истите?! Покрај тоа, многу од директорите во ЈЗУ (Јавно Здравствени Установи) не сакаат да потпишат никаков договор со младите лекари поради таканаречениот предизборен период. Познато е дека за време на предизборен период, не се дозволени потпишувања на договори за вработување. Сепак, младите лекари велат дека овде не се работи за класично вработување туку законски платена пракса! Истата, со закон мора да се обави.
Новонастанатата ситуација со коронавирусот COVID-19 почнува да станува алармантна поради доцна преземените мерки од Министерството за здравство. Македонија, каде што со години наназад имаме 20% помалку лекари од предвидените минимум стандарди на ЕУ, наместо да стимулира и веднаш да вработува, ги остава на цедило повеќе од 200 млади лекари! Излажани, дел со веќе потпишани договори, а во моментот повеќе потребни од било кога.
Здравствениот тим на Конзерватив МК препорачува до Владата на Република Македонија да работи во насока кон донесување на закон и акт за сите студенти по медицина во завршна година да станат општи лекари по итна постапка, а специјализантите од завршна година веднаш специјалисти. Целта е иста како во Италија, со цел истите веднаш да се распоредуваат на места кои можат да ги пополнат со цел да ослободат поискусни колеги за на фронт доколку ситуацијата ескалира.
Опис на инфографици: Пикот на пандемијата со коронавирусот COVID19 во Италија и Кина, е аналитички прикажан во бројки. Исто така, популацијата на државите е земена во предвид. За пик на кризата со КОВИД19 во Македонија е земен податокот од самиот Венко Филипче и прес-конференција каде што вели дека очекуваме 2.000 заболени. Доколку тоа навистина се случи, статистички ние би имале 16 пати поголема криза од Кина и 2,35 пати поголема од Италија според глава на жител.
ЛИДЕР и Конзерватив МК стапија во контакт со еден од младите лекари кои што чекаат редовно да ја обават праксата и даде изјава, но поради лични причини сака да е анонимен:
„Загрижувачки е фактот што законските регулативи се спроведуваат селективно. Дали е тоа поради немањето на доволно обезбедени средства или лошата организација во однос на овој закон не знаеме, но исто така и немаме одговор од надлежните индтитуции каде се наоѓа проблемот и до кога ќе трае овој вакум период во кој што сме оставени. Ние како млади лекари не сакаме да бидеме погрешно разбрани од пошироката јавност во овој осетлив период. Нашата единствена цел е да преку остварување на законските обврски, кои ни се ново наметнати, се вклучиме директно и активно во борбата против пандемијата од болеста COVID-19“.
Пикот на коронавирус во Македонија: 16 пати повеќе од Кина, а 2,35 пати повеќе од Италија!
Се молам граѓаните, а особено младите да ги почитуваат препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство и владата.
Анализа на Лидер.мк & Конзерватив МК / Conservative.mk