Втора година средно. Крстосница во животот од која зависат многу животни патишта. Ниту бев дете, ниту возрасен. Кога ќе отидев на куќна слава не седнував ни со децата за да си зборувам за фудбал, ниту со возрасните за политика. Кога ќе отидев во продавница ниту бев во детските броеви, ниту во возрасните. Години во животот од кои зависи многу. Пубретот дрма, но и сфаќањата за смислата на животот и политката стануваат интересна тема…Тогаш дознав за невладините организации, па така решив да ги посетам нив. Таму се запознав со политичкиот спектар. Првите чекори по овие организации беа интересни и возбудливи, сè додека не ја сфатив позадината на тие насмеани фацки. Во еден неформален разговор истите тие „прогресивни ликови“ почнаа да исмеаваат религија. На почетокот тоа ме насмеа, но потоа длабоко ме натера да размислам…Јас можеби не сум религиозен, но никогаш не сум исмеал некој кој се декларира како таков. Се запрашав како луѓето кои себеси се декларираат како open-minded исмеаваат луѓе со различни ставови од нивните? Зборуваме за прогресивност или едноумие?Сепак, продолжив да одам по организациите.

Од ден на ден, сè повеќе сфаќам дека сум на различна идеолошка страна од нивната и дека сум многу попрогресивен од нив, иако се декларирам како конзервативец. Кулуминацијата беше кога ми рекоа да одам на ЛГБТ парада (немам ништо против секој да се декларира што сака, но сум против паради), а заврши со жестока кавга и официјално делење на патиштата. Јас станав трн во окото на политичката пропаганда.

Во моите тинејџерски години бев активен и на трибината. Истата таа трибина освен што ми беше школо за подоцнежниот живот, ме научи многу повеќе. Ме научи дека нацијата ми е пред сè и над сè. Растењето во традиционално и конзервативно семејство беше јаготката на шлагот дека мојата идеологија е десничарска.На мои 18 години првпат започнав нешто ново и креативно, сопствен „бизнис“ кој го работам до ден денес. Сфатив дека капитализмот нуди можности за сите и дека не го деградира поединецот за разлика од другите идеологии.

Револтот спрема левицата ме направи десничар. Другите може да ме нарекуваат како сакаат, но јас знам дека сум на вистинскиот пат.

Да живее десничарската идеологија! Да живее Македонија!
Пишува: БОЕМОТ Instagram: @boemot

Сподели: