ЛУЃЕТО ВО УНИФОРМА [Лекари, научници, полиција, војска, пожарна….]

Ангел Драскачев: Ситуацијата излегува од контрола. Прогласена кризна состојба на одредени места на територијата на Република Македонија. Ова е нешто што сите не засега. И плави и црвени. И Македонци и Албанци. И Турци и Роми и Власи.

Не успеавме да бидеме единствени за многу прашања. Сега мораме! Ќе го победиме вирусот, на овој или на оној начин!

Да се солидаризираме. Апел до моите колеги и колешки: НЕ БЕГАЈТЕ ОД ОДГОВОРНОСТ! Со добивањето лиценца за работа, автоматски нашиот живот сме го ставиле во заден план, а животот на пациентите во преден. Се декларираме како бдеачи над здравството и како херои. Ајде да докажеме дека сме херои!

Стефан Василевски: Луѓето со униформа (полиција, војска, пожарна, итн), треба да се ПРИОРИТЕТ во следната центар-десно до десно влада!

  • Поголеми плати за сите за дополнителна стимулација, а пониски даноци за тие во приватниот сектор. Подобри услови за сите кои се занимаваат со професии кои носат униформа.
  • Намалување на регулациите за лекарите за лекарот да е лекар а не административец!
  • Инвестиции во истражување и науката.
  • За подобри услови и модернизација на војската (луѓе кои живот дале и се спремни да дадат за нашиот суверенитет).
  • За хероите кои живот не жалат за мир и ред во државата (полиција).
  • За хероите кои го ризикуваат животот работејќи по 24 часовен стрес (пожарна).

Неколку кратки препораки за почитување во следниот период може да најдете на последните слајдови. #COVID19

Автори:
1.Ангел Драскачев,
медицински техничар на интензивна нега.
2.Стефан Василевски, дипломиран лекар по општа медицина.

Сподели: