Анализа: Трговската лага за Мини-Шенген како вовед во населување на мигранти и големи држави
08/01/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Македонија, Национализам Leave a comment
08/01/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Македонија, Национализам Leave a comment
Актуелноста за предлогот Македонија да влезе во „мини Шенген“ со западно балканските земји кои не се интегрирани во ЕУ, може без ракавици да се нарече една авантура која скапо би не чинила по нашата унитарност, целовитост и територијален интегритет. Истовремено се задоволуваат апетитите на Србија и Албанија за големи држави преку овој проект. Сите би се запрашале зашто???
СЛОБОДНА ТРГОВИЈА – Споредба на ЦЕФТА и „мини Шенген“ ИНФОГРАФИК: Зошто би бил потребен мини Шенген кога истата предност ја имаме веќе и со ЦЕФТА? – Михаил Новковски
Слободната трговија која се промовира во таканаречениот мал шенген, нашата држава ја има со членството во ЦЕФТА договорот. Исто така, граничните премини со овие држави се поминуваат со лична карта, ништо ново! Големата замка е во единствената заедничка администрација која треба да ја има малиот шенген што со нашата држава де факто ќе има улога како една мала покраина во споредба со Србија и Албанија. Така, се отвара патот да се населат нелегалните мигранти од Труција со дозволи за престој од државите од малиот шенген. Ова може да се спроведува и без наша дозвола односно иако ние не дозволиме престој на нашата територија. Со тоа Србија и Албанија добиваат една администрација со што само на хартија нема да ги реализираат своите големо државни идеи во кои ние македонците ќе го извлечеме подебелиот крај.
Затоа, треба да сме против и да кажеме НЕ за големо српските и албански идеи, ДА за македонска идеја. На оваа уште една во ред глупост и авантура на власта во заминување треба жестоко да се спротиставиме. Повеќе нема што да изгубиме, но има што да браниме. Треба да ги браниме нашите граници и нашиот суверенитет кој со многу крв сме го стекнале. Тоа ќе го правиме и преку актуелизирајки ја оваа тема со цврстите аргументи и секако со глас на изборите против оваа анационална рекетарска власт.
Политичка анализа на Михаил Новковски – млад политичар, дел од Конзерватив МК и македонската конзервативна партија МААК.