Анализа: Анти-христијански напади во Европа
07/01/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
07/01/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
2019 година ќе биде запамтена како најцрна досега за христијанството во Европа. Повеќе од 3.000 напади се забележани врз цркви, христијански споменици, куллтурни знаменитости кои поврзуваат со христијанските корени на Европа и напади врз основ на вера.
Нападите во Европа се класифицираат врз неколку работи:
Петар Радојничкиќ, извршен комитет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ: Европскиот континент во целина почива на христијанските основи. Историските записи ни говорат дека кога се работи за европската цивилизација, најголемо влијание на истата има извршено хеленската култура и римското историско наследство. Додека пак христијанството е она кое ја заживеало Европа и воспоставило мост преку кој полесно комуницирале меѓусебно Европските држави.Христијанството било прозорец за образованието, начин преку кој се изучувале јазиците и најважно од се пренесување на вековната христијанска традиција по која е препознатлива Европа.
Анализа на Конзерватив МК: Рекорден број на напади врз христијански објекти има во новите столбови на ЕУ, Франција и Германија. „Овој податок можеби се темели на фактот дека Франција и Германија беа најмногу погодени од таканаречениот мултукултурен бран кој во последната деката ја зафати и трансформира Европа. Тука најголем акцент и улога се става на нелегалните мигранти.“ – вели Стефан Василевски, извршен директор на Конзерватив МК.
Анти-христијанските напади во Франција се зголемиле за 245% од 2008 до 2016 година.Во последните неколку година, нападите значајно се зголемуваат, од 949 во 2016 и 1.038 во 2017, до 1.063 во 2018. 2019 година пак е можеби рекордна со повеќе од 1.000 напади.
Петар Радојничкиќ: Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Алчиде Де Гаспери (основачите на Европската Унија) ја втемелиле европската творба врз демо-христијанските вредности кои претставуваат conditio sine qua non на она што ние денес го нарекуваме Европска Унија. При што и Европската Народна Партија која освои најмногу гласови на последните Европски избори (во која е членка и ВМРО-ДПМНЕ), статутарно се декларира како групација чиј основен пилар се демо-христијанските вредности.
Antemurale christianitatis – Претставува средновековен термин кој се користел да се означи борбата за одбрана на границите на христијанската Европа од Отоманската Империја. За разлика од средновековието кога христијанските држави имале конкретен непријател, денес проблемот на христијанството лежи во самите држави. Односно, како тие да го задржат својот демо-христијански континуитет, а преку тоа да го сочуваат својот идентитет и вековна традиција. Во тие намери секој еден поединец кој се чуствува засегнат од новонастанатите општествени ситуации, а посебно политичарите кои говорат во името на демо-христијанските вредности треба да застанат во нивна одбрана и да го зачуваат она што преостанува од богатата европска култура.
Стефан Василевски, Конзерватив МК: Голема дебата се разви во Германија за таканаречените „мигранти минор“. Македонија треба бурно да ја следи оваа тема со цел добро поставување на скалата за одговор кон ова прашање кое се реактивира. Лидерот на зелените (DIE GRÜNEN) Робер Хабек, побара од Берлин веднаш да прифати група на 4.000 „минорни мигранти“ од Грција. „Таму има многу девојчиња и млади момчиња, повредени мали души и луѓе. Германија сите да ги загрижи“ – вели тој.
Од владеачката ЦДУ силно се спротивставија на идејата додека пак од ЦСУ велат дека прво треба ЕУ да најде заедничко решение, а потоа државите да се договорат за прием. Всушност, за нас десничарите, како што кажа и самиот Виктор Орбан пред ЕПП самитот во Загреб, еден од најбитните моменти е како ќе се постават следните политики на ЕУ кон ова прашање.
Баш од камп на вакви „минорни мигранти“ близу до селото Chalkios во Грција, на 13ти Ноември 2019 беа запалени 3 цркви. Црквите се Agios Haralambos, Panagia и Agios Petros and Pavlos. Кампот на нелегалните мигранти се наоѓа на 500 метра од едната црква.
„ До 2015 година, владата на Република Македонија заедно со дел од државите од Западен Балкан вклучително Бугарија, но и со голема помош од лидери како Виктор Орбан, добро се справија со кризата. Сега имаме нова реалност и треба бурно да ја следиме или пак во 2020 да ја смениме (владата).“ – вели Стефан Василевски од Идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК.
Анализата ја изработиле: Стефан
Василевски, Извршен директор на Конзерватив МК и Петар Радојничкиќ, Извршен
комитет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ.
Извори на анализата: