Конзерватив МК: Запалени цркви, уринирање и дефекација врз икони. 2019 година како анти-христијанска во Европа! 2019 година ќе биде запамтена како најцрна досега за христијанството во Европа. Повеќе од 3.000 напади се забележани врз цркви, христијански споменици, куллтурни знаменитости кои поврзуваат со христијанските корени на Европа и напади врз основ на вера. Нападите во Европа се класифицираат врз неколку работи:

  • Подметнати пожари каде што најголем таргет се црквите
  • Напади и вандализирање на христијански културни знаменитости
  • Уринирање и дефекација врз христијански симболи вклучително икони во цркви
  • Сквернавење на икони, знаменитости и споменици на христијанството
  • Графити на анархизам, феминизам и сатанизам врз христијанска симболи, цркви, знаменитости
  • Радикален Ислам или таканаречени Islam-related напади врз христијански објекти

Рекорден број на напади врз христијански објекти, верувале или не, но има во новите столбови на Европската унија, а тоа се Франција и Германија.

Политички коментар на Петар Радојничкиќ:

Радојничкиќ: Европскиот континент во целина почива на христијанските основи. Историските записи ни говорат дека кога се работи за европската цивилизација, најголемо влијание на истата има извршено хеленската култура и римското историско наследство. Додека пак христијанството е она кое ја заживеало Европа и воспоставило мост преку кој полесно комуницирале меѓусебно Европските држави.

Христијанството било прозорец за образованието, начин преку кој се изучувале јазиците и најважно од се пренесување на вековната христијанска традиција по која е препознатлива Европа.

Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Алчиде Де Гаспери (основачите на Европската Унија) ја втемелиле европската творба врз демо-христијанските вредности кои претставуваат conditio sine qua non на она што ние денес го нарекуваме Европска Унија. При што и Европската Народна Партија која освои најмногу гласови на последните Европски избори (во која е членка и ВМРО-ДПМНЕ), статутарно се декларира како групација чиј основен пилар се демо-христијанските вредности.

Antemurale christianitatis – Претставува средновековен термин кој се користел да се означи борбата за одбрана на границите на христијанската Европа од Отоманската Империја. За разлика од средновековието кога христијанските држави имале конкретен непријател, денес проблемот на христијанството лежи во самите држави. Односно, како тие да го задржат својот демо-христијански континуитет, а преку тоа да го сочуваат својот идентитет и вековна традиција. Во тие намери секој еден поединец кој се чуствува засегнат од новонастанатите општествени ситуации, а посебно политичарите кои говорат во името на демо-христијанските вредности треба да застанат во нивна одбрана и да го зачуваат она што преостанува од богатата европска култура.

Сподели: