IDU.org – Интернационална демократска унија
03/01/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
03/01/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
Од 4ти до 6ти декември во Вашингтон, САД се одржа форумот на најголемата во свет центар-десно и десна политичка организација – ИДУ, Интернационална демократска унија (www.idu.org).
Претставник од Македонија беше Стефан Василевски како дел од почесната делегација на светските и европски конзервативци на самиот настан (www.ecrparty.eu). ECR односно ЕКР кои беа претходно познати како ACRE (АКРЕ) се дел од ова најголемо политичко семејство заедно со Европската народна партија и останати политички партии и групации од Азија, Африка, Европа и светот. ИДУ е основана од Маргарет Тачер, Џорџ Буш стариот, Хелмут Кол и администрацијата на Роналд Реган, International Democrat Union
е столбот на светската центар-десно политичка ориентација.
Конференцијата ја отвори конзервативната светска легенда и екс-премиер на Канада (2006-2015), Stephen Harper. Тој е и еден од фронтмените на PragerU политичката платформа (насловна слика: Стефан и Харпер). Во времето на Харпер, Канада не признава под нашето уставно име, Република 🇲🇰 Македонија. Повеќе на хаштагот #IDUForum2019