Овие денови актуелни се темите околу кризата во светскава политика и случајот со Иран, па си велам не бива и Conservative MK да го остаиме без анализа околу тековниве настани. Од се што досега прочитав, можам да кажам дека не сретнав ниту една колумна или текст кој што соджи барем некој издржан факт во врска со ракетиве. Сите се изнакажаа се, а и министеркава некако со рамо до рамо фразата ја снема, повторувајќи ја ревносно како кога во основно ќе ти дадат домашна по англиски: напиши го зборот 10 пати! Него ај ние за ова нашево, да го преточиме во слово….  

Како одмазда за убиството на Генерал мајор Касем Сулеимани командантот на Кудските единици на Исламската револуционерна Гарда,преку која Иран ја ефектуира својата моќ и надвор од своите граници, Исламска република Иран го извести Ирак и извши напад врз американските воени бази во таа соседна земја. 22 балистички проектили Фетах земја – земја беа испукани во воените бази на армијата на САД, без притоа да предизвикаат жртви или сериозни оштетувања на воена опрема. Како пренесува Блумберг, некои од проектилите погодиле и песочни дини во близина на базата Ајн ел Асад, а дел од нив пресретнати и од американските ракети, па останува да се шпекулира прицизното наведување на проектилите како и дали е намерно тоа направено или пак свесно Иран игра на картата да ги намали домашните тензии од притисокот за одмазда.

За разлика од Американските MQ – 9 Reaper дронови или популарно наречени Предатор –Б [со кои е убиен Сулеимани], Иран не поседува дронови од последен збор на технологијата, па затоа проектилите ги користи како одговор. Во својот арсенал од достапни информации Иранската армија поседува повеќе видови на проектили кои можат да нанесат сериозни штети на материјална техника, фортификациски објекти и неутрализација на жива сила.

Испалените проектили Фетах имаат дострел од 330км, меѓутоа не треба да се занемари фактот дека во 2018 година Иран погоди цели на ИСИС со преоктилот Zolfaghar кој има дострел од 700км, и притоа ја погоди источната Сириска провинција Деир Езор.

Но за разлика од балистичката ракета која функционира на принципот на согорување на горивото што ја придвижува во атмосферата, и при истрошувањето на горивото паѓа по патеката утврдена со гравитација, крстаречката ракета од друга страна пак е само погонска, може да лета на пониски височини и може да менува насоки, за да ја постигне својата цел при што ја прави поточна. Во Фебруар 2019 година Иран изјави усшешен тест на далекуметна крстосувачката ракета со домет од 1,350 км при што во арсеналот на своето наоружување ќе ја додаде. Од балистички проектили со краток домет Иран поседува и Quam 1 со домет од 700 – 800км.  

Меѓутоа зашто сите овие факти се наведени и зашто толку се кажуваат во јавноста треба да биде јасно. Со оглед на огромната територија на Иран и 80 милионската популација, Иран е премногу тврд орев за директна копнена операција. Дека проектирањето на моќ ќе се одвива само преку проектили и евентуални операции со дронови и борбени авиони е доста очигледно.

Од друга страна пак, САД и НАТО алијансата се несомнено воено далеку помоќни од    Иран! Но, во воздух останува да лебди прашањето за кохезивноста на Алијансата во овој момент, бидејќи дел од земјите го напуштија военото присуство во Ирак.

При ескалација, најбитен би бил Хормутскиот теснец – Strait of Hormuz

Доколку официјалната политка на Иран сака да го ескалира случајот што искрено од мој агол на гледање на работите веројатностите се премали, 39км Хормутски теснец, е сосема доволен да се покрие и со артилериска батерија при што тоталниот хаос е неизбежен. Имено да, тоа е теснецот кој во 2018 година, поминале просечно 21 милион барели нафта дневно или кажано грубо 21% од глобалната нафта. Што тоа значи е премногу опширно па се надевам ќе го образложиме во друга прилика.

А секако уште премногу прашања остануваат околу патот кој ќе го трасира Техеран и Западните земји во врска со нуклеарниот договор и дали ќе се спаси. Имуни не останаа и берзите, а да се надеваме пред се дека разумот ќе надвладее, бидејќи сепак и над главата на политичарите виси Дамакловиот меч!

Давид Салтамарски – уредник на Кознерватив МК.

Сподели: