Колумна на Доналд Трамп: Превод
02/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам, Национализам Leave a comment
02/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам, Национализам Leave a comment
Колумна на Доналд Трамп: Да продолжиме со четиригодишното исполнување на ветувањата кон жителите на Минесота
Имам оптимистичка визија за иднината на нашата голема нација.
Напишанo од: Претседателот Доналд Трамп, 1 ноември 2020 година.
Преведено од: Виолета Михајловска.
Извор од оригиналот (кликни тука).
Кога ја поднесов мојата кандидатура за Претседател во 2015 година, му ветив на американскиот народ дека ќе го „исцедам мочуриштето“ во D.C. и ќе ги ставам интересите на американскиот народ во прв план.
Доста долг период политичарите од Вашингтон финнасирани од даночните обврзници, како што е и мојот противкандидат, се грижат единствено за сопственото богатство и моќ, лобистите и нивните посебни интереси наместо да работат за интересите на вредниот американски народ ширум земјата.
Американците ме изгласаа мене за да го сменам начинот на кој дотогаш работеше Вашингтон, а мојата администрација работеше на тоа со мене цело време. Во мојот втор мандат, ние заедно ќе го прошириме овој прогрес не само за жителите на Минесота туку за сите Американци.
Нашите политики за раст, историското намалување на даноците како и напорите за намалување на преоптоварената бирократија, доведоа до силна економија за работниците и за бизнисите во Минесота. Само во првите три години од мојот мандат, економијата во Минесота со скоро секоја мерка, достигна висока стапка на раст, многу повеќе отколку за време на претходната администрација. Во тоа време, повеќе од 65 607 жители на Минесота се издржуваа со бонови за храна. Бизнисот сега бележи раст од 14,7%, и сега е поголем бројот на жители кои поседуваат сопствени домови од порано.
Како резултат на историското кратење на даноците, работниците, фамилиите и бизнисмените имаат повеќе пари, се отвараат нови работни места и се сведоци на отварање на нови бизнис инвестиции како никогаш порано. Во Минесота има во просек кратење на даноци од околу 1 400 долари, а повеќе од 24 000 нови работни места ќе бидат отворени во North Star State[1] во следнава декада, токму како резултат на кратењето на овие даноци.
Мојата администрација е како благослов за индустријата за железо во Минесота. Откако доживеа потешкотии од администрацијата на Обама-Бајден и нивните лоши трговски политики, како и падот на челикот поради кој се затвораа рудници и се губеа работни места, сега индустријата за железо ќе се врати назад поголема и посилна од било кога. Воведените тарифи за увоз на челик доведоа до напредок на индустријата за железо во Минесота. Оваа индустрија сега бележи раст на производството, а со тоа многу луѓе ќе се вратат на работа.
Го исполнивме и нашето ветување за повторни преговори за лошите трговски договори со тоа што ќе го ставиме американскиот народ на прво место. Јас ветив дека ќе ставам крај на кошмарот со договорот за слободна трговија со Северна Америка (NAFTA) и нашето искористување од страна на странските конкуренти, и дека ќе имплементирам подобар договор кој ќе ја штити Американската индустрија и ќе отвара работни места за Американците. Токму ова го направивме со новиот договор помеѓу САД-Мексико-Канада (USMCA).
Бидејќи Минесота е гранична земја, нејзината економија зависи токму од овој договор. Минесота има извоз од 7,2 билиони долари годишно во Мексико и Канада, а со тоа одржува околу 234 000 работни места во државата. Земјоделците и производителите од Минесота исто така ќе го зголемат својот извоз со овој договор, а ќе има пораст и на извозот на млеко со отварањето на пазарот на млеко во Канада.
Во преговорите ние ги заштитивме фармерите и земјоделците од политиката на Кина која ги таргетираше со нефер и небалансирани тарифи. Мојата администрација обезбеди повеќе од 1 билион долари преку Министерството за земјоделие (USDA) кои ги исплати на фармерите за да ја намали штетата која ја имаа од Кина.
Во март оваа година, пред глобалната пандемија да ја загрози нашата економија, стапката на невработеност во Минесота падна на 2.9%. Државата обезбеди повеќе од 63 000 работни места во првите три години од мандатот, вклучително и 5 500 работни места во производството. Дури и за време на вирусот од Кина ние продолживме да ги ставаме жителите од Минесота на прво место, и близу 19 000 работни места се повторно отворени во последниве пет месеци, благодарение на успешната политика на мојата администрација.
Реагиравме брзо за да ги сочуваме работните места и нашата економија. Приближно 1.1 милион работни места во Минесота се заштитени со Програмата за заштита на плати (Paycheck Protection Program), и обезбедивме повеќе од 11.2 милони долари заем на повеќе од 100 000 бизниси во Минесота.
Мојата администрација исто така се бори за да им обезбеди ресурси и помош за справување со глобалната пандемија на сите држави и локални влади. Ние ќе победиме во битката со овој невидлив непријател. Нашите економски политики воспоставени пред 2020 година, нѐ подготвија да се справиме со оваа бура.
Ништо од ова немаше да биде возможно ако на власт беше Бајден, кој 47 години од својата кариера ја помина збогатувајќи се, а притоа губеше работни места и продаваше работници. Бајден буквално го поддржа секој лош трговски договор на Вашингтон во изминатиот половина век, и неговото лошо однесување ги повреди вредните луѓе од Минесота.
Поддршката на Бајден за нормализирање на трговските релации со Кина уништи 88 300 работни места во Минесота поради високиот трговски дефицит. NAFTA договорот кој Бајден не само што го поддржа туку и лично помогна да се спроведе, уништи 13 700 работни места поради високиот трговски дефицит со Мексико.
За време на последната претседателска дебата, Бајден конечно призна дека со неговите радикални енергетски предлози, тој ќе ја убие нафтената индустрија, загрозувајќи притоа повеќе од 10 милиони добро платени работни места во нафтената и гас индустријата на САД, според проценката на Американскиот институт за нафта. Бајден ќе ја уништи и енергетската индустрија во Америка со неговиот Нов Зелен Договор (Green New Deal) кој се заканува да уништи повеќе од 117 000 работни места во индустриите за нафта, гас и јаглен во Минесота.
Џо Бајден ќе ги уништи и малите бизниси со неговиот lockdown, регулативи и масивно покачување на даноците. Тој би ги предал вашите работни места на Кина, би ја предал вашата судбина на вирусот и би ја предал нашата земја на радикалната левица.
Јас имам оптимистички визии за иднината на нашата нација. Со вашиот глас, ние ќе ги задржиме работните места во Америка каде што и припаѓаат, ќе продолжиме со кратење на даноците, ќе одржуваме енергетска независност, ќе ја зајакнеме војската, ќе ја поддржиме полицијата, ќе го заштитиме Вториот амандман, ќе ги браниме нашите граници и ќе поставиме судии кои ќе го поддржуваат владеењето на правото. Сѐ додека сум јас на функција во Кабинетот, Америка никогаш нема да биде социјалистичка земја, а мажите и жените кои Бајден ги заборави нема никогаш повеќе да бидат заборавени.
Претседателот Доналд Трамп е републикански
кандидат за претседател. Тој го напиша ова ексклузивно за News Tribune
на покана на News
Tribune Opinion page.
[1] North Star State е второто име на државата Минесота (прекар)