Како се станува претседател на САД?
01/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот Leave a comment
01/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот Leave a comment
За да победите на претседателски избори во САД, треба да освоите точно 270 електорски гласови (мандати), кои потоа го бираат претседателот во Електорското Собрание [Electoral College], кое брои 538 електори.
Секоја сојузна држава, во зависност од бројноста на населението, има одреден број електорски гласови.
Највеќе жители има Калифорнија, 39.5 милиони и таа сојузна држава има највеќе електорски гласови, 55. Оној кандидат кој ќе победи во Калифорнија, ќе ги добие тие 55 гласа. Тексас има 29 милиони жители и има 38 електорски гласа. Но, Делавер има 900.000 или Јужна Дакота 800.000 жители, и тие имаат по три електорски гласови.
Практично, секоја сојузна држава е своевидна посебна претседателска битка, затоа што секоја држава носи одреден број на електорски мандати.
Одредени држави низ изминативе години традиционално гласале за претседателски кандидат предложен од одредена партија. На пример, Тексас е Републиканско упориште кое Демократите последен пат го добиле дури 1976. Калифорнија пак е цврсто Демократски упориште, кое Републиканците последен пат тесно ја добиле 1988.
Но, има таканаречени „променливи“ држави (swing states), кои низ годините гласаат за различни кандидати и нивните електорски глсови најчесто го одредуваат победникот на изборите. Наречени се уште и „држави на пресметка“ или „војна“ (battleground states), затоа што кој и да победи, победата ја остварува со тесна разлика. Обично тука се води најтесната борба на кандидатите за секој глас, а одлучуваат нијансите.
– Пенсилванија со 20 гласови;
– Флорида со 29 гласови;
– Минесота и Висконсин со 10;
– Охајо со 18;
– Индијана со 11.
Покрај прашањата на безбедноста, справувањето со коронавирусот, здравствената заштита, нашето видување беше дека одлучувачкиот момент за американците ќе биде економската политика и работните места.
Со оглед на фактот што во сите овие сојузни држави годиниве наназад галопирачки се развива нафтената индустрија, или популарниот Фракинг, а кандидатот Бајден се залага за забрана на Фракингот и производството на нафта од фосилни остатоци (со што на милиони американци им се доведува под знак прашање работното место и сигурната егзистенција), дел од тимот на Конзерватив.мк даде предикција дека победник во „борбените“ држави ќе биде Доналд Трамп, под чие водство САД станаа најголем производител на нафта, со што ќе ги добие нивните електорски гласови, а со тоа и ќе оствари мнозинство во Електорското Собрание – и ќе биде реизбран за претседател на САД.