Како Републиканците и Доналд Трамп можат да освојат втор мандат и со пораз во Пенсилванија?

– пишува за Конзерватив МК, главниот и одговорен уредник на хрватските E-SPORT ADRIA (https://adria.gg/) & A1 Adria League (https://a1adrialeague.com/), младиот Срѓан Димитровски.

Дојде и денот на изборите во САД, а исходот кој превртливите држави и овој пат ќе го одлучуваат сѐ уште е непознат. Едно од главните жаришта на овие избори ќе биде сојузната држава Пенсилванија која носи 20 мандати од колегиумот. Најголем дел од политичките експерти очекуваат тесна победа на еден од кандидатите, но масивната излезеност дава блага предност на Демократскиот кандидат, Џо Бајден. Но сепак, постојат алтернативни опции (покрај победа во Пенсилванија) кои би можеле да ги одлучат изборите во корист на моменталниот POTUS.

Демократската историја на Пенсилванија:

Пред претседателските избори во 2016, Пенсилванија беше обоена сино во претходните шест избирачки циклуси. Граѓаните на Пенсилванија последно го одбраа Џорџ Х.В. Буш од страната на Републиканците за време на неговата доминантна победа во 1988. Овие избори воедно беа и последните избори на кои најнаселената сојузна држава, Калифорнија, поддржа републикански кандидат. Анкетите покажуваат дека Џо Бајден моментално има предност од околу 5% во сојузната држава, но слична предност имаше и Хилари Клинтон пред четири години, а изборите завршија во корист на моменталниот претседател.

Аризона, Џорџија и неочекувана држава во помош на Трамп?

Сепак, и со потенцијална загуба во Пенсилванија, Доналд Трамп може да стигне до 270 мандати, а во тоа би му помогнале три држави – Џорџија, Аризона и најконтровезрната од нив, Мичиген. Голем број на истражуванја укажуваат на тоа дека Аризона ќе биде обоена сино до крајот на изборите, но гласачите секогаш го докажувале спротивното. Со исклучок на реизборот на Бил Клинтон во 1996. година, Републиканците извојувале победа на секои избори од 1952. година до ден денес.

Истражувачкиот центар 5 38 (https://fivethirtyeight.com/) покажува тесна битка помеѓу двата главни кандидати во Џорџија, но убедливите победи на Старата Партија во оваа држава наговестираат уште една победа за Доналд Трамп. Мичиген, државата каде финалните резултати често се разликуваат за многу мал е најконтроверзната од трите горенаведени држави за победа на Трамп, но можно е да биде и најголемата надеж ако сведочиме на сценарио каде Бајден тријумфира во Пенсилванија. Мичиген покажа дека знае да даде шанса и на Републиканската Партија кога е потребна нивната помош, а помош ќе им треба на црвените и на денешните избори. Победа во Мичиген е сценарио со мал процент на успех, но не треба да се откажеме од поддршката на Трамп во оваа сојузна држава.

Секако, главна шанса за победа на Трамп е Пенсилванија. Трамп неодамна одржа масивен митинг во Мидлтаун, Пенсилванија. И двата претседателски кандидати при крајот на кампањата најголем дел од своето време посветија на оваа држава, и со причина. Дваесетте мандати кои ги носи Филаделфија и останатите градови во сојузната држава најверојатно ќе бидат одлучувачкиот фактор на овие избори. Се надеваме на победа на Републиканската партија и Доналд Трамп кои би донеле период на стабилност како во Европа, така и во светот во идните четири години.

Сподели: