Фотографија: Тимот на идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk со претседателот на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа (АКРЕ)

  • Даниеле Капезоне – Потпретседател на АКРЕ
  • Стефан Василевски – Управител на Conservative.mk
  • Никола Дионисијев – Тим на Conservative.mk
  • Жан Захрадил – Претседател на АКРЕ
  • Александар Богоевски – Главен и одговорен уредник на Conservative.mk

Интернет порталот Европа избира [Europe Elects], ги обработува избирачките податоци и резултатите од изборите од целата Европска Унија. На овој интернет портал, можете да ги следите најверодостојните анкети за престојните избори во Европа.

Според информациите на Европа избира, официјално, во трката за претседател на Европската комисија ќе учествуваат 5 кандидати:

  • Ска Келер и Атанас Шмит, Европска зелена партија
  • Кристијан Керн, Партија на европските социјалисти [Шевчович – отпаднат кандидат]
  • Манфред Вебер, Европска народна партија
  • Жан Захрадил, Европски конзервативци и реформисти

На последната анкета, кандидатот на конзервативците е во водство со 29%, заедно со двата кандидати на групацијата на Зелените. Иако се работи за анкета направена на официјалниот твитер на Европа избира, сепак Европските конзервативци и реформисти како дел од Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа се најбрзо растечко политичко движење кое сериозно претендира кон тронот на Европа но само доколку се случи предизборна коалиција со поконзервативните и националистички партии кои би се одвоиле од Европската народна партија и групацијата на Европа на слобода и директна демократија (EFDD). Пример за партии кои се во преговори за можна коалиција се Шведските демократи кои веќе се приклучија на конзервативците, а исто така и партијата на Виктор Орбан од Унгарија како и Матео Салвини од Италија.

Доколку претседателот на Алијансата на конзервативци и реформисти застане на чело на Европската комисија, тоа би бил прв пример кога на чело на оваа институција би застанал конзервативец од „источниот блок“ на Европа.
Прочитајте повеќе за ИДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ КОНЗЕРВАТИВЕЦ ОД ИСТОЧНИТЕ ДРЖАВИ ЗА ДА СЕ ВРАТИ РАМНОТЕЖАТА!

Сподели: