Дамесмаекер [Европски конзервативци и реформисти]: Можеме да ги претвориме купиштата со ѓубре во полиња од злато.

Пластиката е корисен и вреден материјал којшто има голема примена во нашето општество. Сепак, начинот на кој што пластиката се употребува и произведува е неисплатливо и неодржливо. Погледнете го видеото на европратеникот Дамесмаекер (Mark Demesmaeker) од групацијата на Европските конзервативци и реформисти во Европскиот Парламент (ECR Group) и неговиот план за пластичниот отпад. 

 

За да го прочитате целиот извештај, кликнете на долунаведениот линк:
A report by ECR MEP Mark Demesmaeker – a series of firm recommendations on dealing with plastic waste. 

 

Потребна ни е промена. Свртување кон циркуларна економија за пластиката.

Скорешната одлука на Кина да го забрани увозот на пластичен отпад ја присили ЕУ да преземе акција. Тоа треба да се види како можност да се инвестира и иновира. Клучниот предизвик е да се управува со пластиката на одржлив начин низ целиот ланец на вредности.

Извештајот на Дамесмаекер предлага 4 темели коишто би ја промениле денешната ситуација.

  • Прво, дизајн што овозможува секое пластично пакување да се употреби повторно или рециклира до 2030 година.
  • Второ, единствен пазар за рециклирана пластика. Потребни ни се стандарди за квалитет, верификација за рециклираната пластика којашто треба да ја зголеми довербата и употребата на рециклираната пластика.
  • Трето, превенција. Неодамнешниот предлог на комисијата за пластика за една употреба е важен чекор.
  • И четворто – иновација. Мора да го искористиме моментумот за да инвестираме и иновираме.

Ако успееме во сето тоа, можеме да ги претвориме купиштата со ѓубре во полиња од злато.

Сподели: