Биографија за Сер Винстон Черчил (Прв дел)
13/09/2018 In Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
13/09/2018 In Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
„Британскиот булдог“
Сер Винстон Леонард Спенсер Черчил ( 30 ноември 1874 – 24 јануари 1965), бил британски офицер, писател, политичар и во два наврати премиер на Обединетото Кралство, како круна на неговата политичка кариера.
Потекло, рано детство и образование
Сер Винстон Черчил е роден во аристократска фамилија во 1874 година, во Оксфордшир, Англија. Неговиот татко бил Лорд Рандолф Черчил, а неговата мајка, Џени Џером од американско – англиско потекло била позната хуманитарка. Черчил води потекло од војводата од Малборог (Џон Черчил), титула која му ја доделила кралицата Ана во 1701 година. Неговиот дедо, исто така, бил истакнат политичар активен десет години во конзервативната партија и служел во кабинетот на премиерот Бенџамин Дизраели.
На седумгодишна возраст заминува во училиште во Аскот, Беркшир. Неколку пати истакнува дека со својот татко не бил во блиски односи, за разлика од блискиот однос што го имал со својата мајка. Своето образование го продолжува во елитното училиште Хароу во Лондон.
Уште во рана возраст пројавил интерес за поезија и пишување писма, во што бил одличен, а исто така покажал и одлични вештини во мечување. Неговиот татко сакал Винстон да биде армиски офицер, па така последните години од неговото школување го преместиле во одделенија со виено образование. Своето школовање го пролжува токму на Кралската воена академија во Сандхарст, каде што бил примен како кадет во коњаницата и го започнал своето високо образование во септември 1893 година. На Академијата во тоа време, военото образование траело 15 месеци па така завршил официјално во декември 1894 година како осми студент во неговата класа. Накратко, по завршувањето на Академијата, на млади години се соочува со смртта на својот татко.
Почетокот на кариерата и патувања на Куба, Индија и Судан
Во февруари 1895 година, распореден е во 4-тиот кралски коњанички регимент полк на британската армија со чин на потпоручник. Интересен е фактот дека во тоа време годишно од овој чин се заработувало 150 фунти, што било далеку под просекот за добар живот. Во Есента 1895 година како млад потпоручник, со амбиција да го искуси стекнатото знаење, добороволно заминува на фронт во Куба, каде во тоа време била во тек војната за независност на Куба. Таму ги следи воените дејствија на фронтот, и пишува белешки. Најголем акцент става на прибирањето белешки за воените дејствија што се одвивале за време на Шпанско-кубанската војна, каде што го следел движењето и тактиките на шпанската армија. Потоа британската армија ќе примени дел од тие тактики во војната против холандските и африканските земјоделци, позната како војната Боер. По престојот на Куба на кратко заминува во Њујорк, САД, каде што и лично се запознал и престојувал заедно американскиот политичар од Демократската партија, Бурк Кокран. Може да се каже дека Бурк имал големо влијание врз неговите рани политички гледишта. Подоцна Черчил ќе наведе дека токму тој му бил и прв политички ментор, а исто така од него ги учел и ораторските вештини. Под негово влијание развива пролиберални гледишта, но во тоа време сѐ уште нема изразени и цврсто развиени идеолошки ставови.
Во октомври 1896 година неговиот коњанички полк со прекомонда бил праместен во Бомбај, Индија. Во Индија престојувал 19 месеци, движејки се низ повеќе градови во земјата. За времето поминато таму ќе наведе дека копнеел по повеќе читање и самообразување, па така се зафаќа со читање на многу различни автори, помеѓу кои најмногу внимание му привлекле Платон, Адам Смит, делата на британскиот историчар Едвард Гибон, а особено исто така го фасцинирала и римската историја. За време на престојот во Индија почнува да се занимава и со новинарство, при што пишуваа статии за The Pioneer и The Daily Telegraph. Во исто време за зафатил и за пишување на книги, а и ја напишал својата прва книга „Приказанта за копнените трупи на Малаканд“.
Во 1898 година, по негова желба преместен е на работа во службата кај Херберт Хичкенер, која во тоа време бил и одговорен за воените операции во Судан. При неговото учество во воените операции, доброволно донирал кожа за потребна операција на повреден офицер. Потоа се враќа во Англија, каде што во ноември 1899 година, ќе ја издаде книгата „Речната војна“.
Во вториот дел од биографијата на Черчил ќе може да прочитате факти во врска со неговите воени години, но и за неговите рани политички ангажмани и контроверзни политички делувања и одлуки.
Давид Салтамарски
Уредник на Conservative.mk