Каде ни се челичните храбри дами во Македонија?
13/09/2018 In Конзерватизам, Национализам, Социологија Leave a comment
13/09/2018 In Конзерватизам, Национализам, Социологија Leave a comment
Што најпрво би ви дошло на памет кога би ги помислиле заедно поимите конзерватизам и жена?
Најверојатно, одговорот би бил „Железната дама“.
Маргарет Тачер или „Железната дама“ е мотивација за голем број жени кои се бават со политика, а сепак припаѓаат во десниот блок. Како политичар од светска класа и една од најголемите премиери на сите времиња, таа е една од најодлучните и најхрабри жени политичари која се зафатила со решавање на најтешките социјални и економски реформи без популистички нагони.
Еден од примарните вредности на конзерватизмот е слободниот пазар, кој означува слободна трговија и отворена конкуренција.
„Слободата не може да се нарече слобода, доколку во општеството нема економска слобода“ – Маргарет Тачер
Во времето кога слегува од функција, по 11 години владеење, аргументите за економијата на слободниот пазар, ниските даноци и дерегулацијата на финансиските пазари т.е. укинување на владините регулативи, особено на оние кои се однесуваат на цените и активноста на општествената сопственост со цел намалување на цените преку поголема конкуренција и стимулирање на развојот на малите бизниси, биле прифатени од целиот полтички спектар во земјата.
Денес идеолошкиот и аналитички центар (Think-tank) Conservative.mk, работи партнерски со Алијансата на конзервативци чиј „мозок“ и интелектуално делување е всушност Нов правец (New Direction), организација за европски реформи основана токму од Маргарет Тачер.
Каков е статусот на жената на западот, и каков е во Република Македонија, погледнато низ социјална и политичка призма?
Во развиениот запад, левичарите често велат дека жените од западните општества се соочуваат со пречки и нееднаквост. Конзервативните жени, не се сложуваат со оваа констатација, а сега ќе ви набројам и неколку примери зошто е тоа така, поткрепени со факти од светски институции.
1. Жените се мнозинство во високообразовните институции во САД – извор US Department of Education;
2. Жените кои работат се еднакво заштитени како мажите – извор The Equal Pay Act 1963;
3. Жените имаат два пати поголема шанса да добијат мандат за раководење со некоја научна институција – извор Cornell Institute For Women in Science.
Кога станува збор за политка, многу често низ западните општества можеме да забележиме жена премиер, жена претседател на држава, но и на најголемите политички партии. Исто така, западните општества обрнуваат многу повеќе внимание кога се работи за полова еднаквост
особено во политиката. Зборот еднаквост малку не ми е пријатен, бидејќи ме потсетува на социјализам и вредности на социјализмот како идеологија која пропагира „еднаквост“ на граѓаните. Ние конзервативците, отсекогаш сме се залагале за отворена конкуренција и еднакви можности, но не и еднаквост. Трудот секогаш треба да води напред, а не некој друг параметар поради некоја „измислена еднаквост“.
Од друга страна пак, зборот еднаква застапеност или грижа за истото е сосема друг аспект ако погледнеме од политички спектар. Во која смисла? Еве ќе наведам неколку примери:
– Дали Македонија имала жена претседател на Влада на Р.М.?
– Дали Македонија имала жена претседател на Р.М.?
– Слободно можам да прашам и дали имало случај жена да биде на чело на една од двете најголеми досегашни политички партии во Македонија, вклучувајќи ги и најголемите партии од албанскиот блок?
Одговорот нажалост е НЕ.
Жените конзервативки, односно „челичните дами“, можеби треба да ги земат како пример Маргарет Тачер, Иванка Трамп, итн., и на тој начин да се охрабрат и да донесат „челични потези“ со кои би ја промениле досегашната ситуација во Република Македонија, за доброто на нацијата.
Јована Спасевска
Уредник на Conservative.mk