Премногу малку останавме! Премногу апатија не спопадна! Премногу на колена не клекнаа! Премногу не исподелија! Премногу на фракции не исподелија и не испокараа! Премногу во грлата ни загорчи! Прежногу лесно се согласивме и премногу молчиме! Премногу си погрешивме, а премногу Македонија си ја сакаме! Премногу сме храбри, умни, премногу сме издржливи….Премногу на вратот ни стапнаа! Премногу се понижуваме и премногу им дозволивме на сите, од страв да не не осудат, а за што?

Почнавте да се срамите името на својата земја да го изговорите! Почнавте да пелтечите наместо химна да отпеете! Почнавте да заборавате дека друга земја немаме! Матична ни е оваа, која толку многу ја испоганивме со криминал и национални предавства, што ние младите луѓе, сме должни да ја дигнеме од пепелта!

Младиот човек кој што е останат тука да живее има една судбина. Како жигот на амблемот на историското ВМРО, кој го носиме како товар, тежок една планина, затоа што друго повеќе и не остана! Црвено-црната младина, црвено-црната двобојка, традиционалната, љубовта кон семејството, љубовта кон пријателите, кои со БРАЌА си ги ословуваме, не спојува сите нас, кои Црвено-Црната двобојка ја љубиме. И доста е повеќе да се цепкаме и делиме! Дојде мигот да застанеме сите под нашиот бајрак, да заборавиме на суетите, разликите, наш ,современ Рилски конгрес да направиме! И да тргнеме! Десно кон националните вредности! Онаму каде што чекори цела Европа! И нема да победиме! Туку ќе прегазиме! А оние кои ќе го ситнат телото, ќе им ги поклониме на трговците со лубриканти!

Ние се вртиме кон нашите потомци! Со духот нивни да поразговараме. Со духот нивни да се кренеме, затоа што ВМРО е едно! Темел на секоја наша борба!
#Обединување
#ЦрвеноЦрно
#Conservative
#Македонија
#ВМРО

Статија на булеварко (Приказни од Булеварот) – социјален медиум и партнер на македонските конзервативци #ConservativeMK

Сподели: