Зелениот рид
13/10/2019 In Екологија, Национализам Leave a comment
13/10/2019 In Екологија, Национализам Leave a comment
Какво е чувството на еден млад, европски и прогресивен лик кога во неделно попладне ќе погледне вести од 2 различни држави, а сепак дел од исто семејство, Европа?
Додека ние продаваме инвентори и печки на пелети и исековме над 10.000 дрва и скоро сите шуми, деновиве во Копенхаген, Данска беше и официјално отворен еден од најиновативните проекти за таа земја, CopenHill. Се работи за проект за создавање на енергија од отпад, а со цел еколошкиот коефициент да биде подобар, централата каде што се создава оваа обновлива енергија ќе има и свој модерен мини ски центар!
Центарот е украсен со зимзелени дрва, патека за искачување и пешачење, фристајл парк и останати реквизити за атракција на туристи и локално население.
Овој амбициозен проект од јавна инфраструктура може да се пофали со печки и турбини кои претвораат 440.000 тони отпад во чиста енергија секоја година, доволно да се обезбедат 150.000 домаќинства со електрична енергија и греење. Сето ова се одржува под зелениот покрив од 107.639 метри квадратни кој апсорбира топлина, ги отстранува честичките на воздухот и го минимизира истекот на атмосферска вода.
Во последните 2 години, зголемено загадување за 3,5 пати!
10.800 дрва исечени, во меѓувреме укинување на акцијата „Ден на дрвото“.
Поскапена вода, регрес и рекети со вклучени национални предавства.
0 индустриски зони, 0 инвестиции, но затоа 412 случаи на непотизам со вклучително распад на правниот систем.
Задача на еден политички активист е да информира, да едуцира, да помогне во кревање на свеста кај народот за одредени прашања и теми како и да достави можни решенија за истите. Токму поради тоа, целта на овој политички коментар е да направите паралела помеѓу „европска“ Европа и „европска“ Македонија. Се повеќе очигледно е дека терминот европеизација на Македонија беше искористен и киднапиран од тотално анти европска влада на чело со два пати аболициран криминалец и транзициски мрачни ликови за кој од ден на ден гледаме нови скандали (НОВА АУДИО БОМБА за злоупотреба на моќ) – Радмила Шекеринска.
Политички коментар на Стефан Василевски, управител на Конзерватив МК.