БОЕМОТ: Заклучок за последната дебата
23/10/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Економија, Конзерватизам, Национализам Leave a comment
23/10/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Економија, Конзерватизам, Национализам Leave a comment
Се ближат изборите во Америка, па непосредно пред последната дебата би сакал да го искажам и моето мислење на оваа тема.
Првпат во историјата имаме избори во време на пандемија каде ќе се гласа преку пошта. Тоа се одвива на начин каде граѓаните добиваат гласачко ливче и посебен плик. Откако ќе го пополнат го праќаат преку пошта или го ставаат во специјална кутија наменета за тоа. Компјутерски се проверува дали потписот на пликот се потврдува со гласачот кој го има во системот. Според експретите, иако се можни минимални закани, сметаат дека ова е најдобар вид на гласање во услови на пандемија и дека се задржува тајноста и приватноста при гласањето.
На една страна го имаме веќе добро познатиот, контроверзниот Доналд Трамп. Пред да стане претседател бил успешен бизнисмен, инвеститор и шоумен. Неговото високо образование е стекнато во областа економија, а по завршувањето на факултетот го преземал бизнисот на татко му со недвижности. Вреди да се напомене дека е автор на десетици книги.
Од друга страна е Џо Бајден кој завршил Правен факултет, а кариерата ја започнал како правник. 36 години бил сенатор се‘ додека не стана потпретседател на Обама во 2009-та. Бајден има голема политичка историја и удел во голем број закони во САД.
Нивните мислења се спротивставуваат главно на четири теми:
Економија – Агендата на Бајден е да се зголеми вложувањето во јавен транспорт, повисоки корпоративни даноци и персонални даноци и покачување на федералната минимална плата на $15 на час. Од друга страна Трамп е против федерална минимална плата со наратив дека е најдобро тоа да се остави на секоја држава посебно. Во 2017 тој драстично ги намали корпоративните и персоналните даноци што беа од голема полза за бизнисите од секоја големина и економијата во целост. Тој е против непотребни регулации на пазарот.
И двата кандидати промовираат производството да се врати во Америка.
Надворешна политика – тука главна тема е Кина. Се зборува околу санкциите кои ги стави Трамп кон Кина, пример забраната за соработка на Huawei со американските компании. Трамп е многу погласен на оваа тема. Демократската партија само формално го спомнува овој проблем. Трамп јавно кажа дека САД нема да се поклонува на бирократите од обединетите нации и нема да игра улога на обезбедување на другите членки на НАТО доколку пристапот и сериозноста не е еднаков од сите страни. Го напушти Paris climate agreement и направи многу подобар резултат од земјте кои членуваат.
Трамп исто така се заложи за намалување на присуството на американска војска во светот. Се повлече од спорови и војни кои не се работа на Америка и ги врати војниците дома од Авганистан, Сирија и Либија.
Имиграција: Доналд Трамп е за воведување закони за имиграција со цел да се регулира и да се отстрани нелегалната имиграција која континуирано се случува во САД пртежно од државите блиску до нив на југ. Затоа тој изгради ѕид на границата со Мексико. Бајден од друга страна превзема многу по мек пристап, промовирајки создавање на програма за да се легализира статусот на милионите нелегални имигранти во САД доколку положат едноставни испити и платат казна.
Справување со COVID19 – Трамп доби многу критики за неговото справување со пандемијата поради тоа што се трудеше да ја отвори економијата и да не направи непотребна паника.Карантинот придонесе за голема невработеност, но Трамп реагираше на тоа со помош од $1200 на секој граѓанин кој заработил помалку од $70,000 годишно што не е типичен конзервативен потег бидејки ќе придонесе за висока инфлација, но правилно во однос на тоа што моменталната ситуација е екстремно ретка и тешка, и се случува во просек еднаш на 100 години. Дополнително Трамп помогна на голем број бизниси кои беа опфатени од кризата и спречи да пропаднат пола од Американските авио-компании.
Заклучок: Пред некој ден 50 cent објави многу логичен заклучок кажувајќи: “I don’t want to be 20 Cent”. Гледајќи ги прогресивните одданочувања на Џо Бајден кои одат и до 62% ова е најлогичен аргуемтн дека на бизнис секторот, но и на секој оној кој чесно заработува ова одданочување не му одговара. Трамп американските компании ги врати назад во Америка. Невработеноста се спушти и под 4%. Сите економски аргументи одат во полза на Трамп. Уште еден од главните аргументи за Трамп е дека тој во неговиот досегашен мандат не започна ниедна војна и ги врати назад војниците од Авганистан, Сирија и Либан. Фактот што дечиштата Били Ајлиши Грета Тунберг го поддржаа Бајден се причина повеќе зашто да се гласа за Трамп. И покрај преголемата пропагнда која му ја наметнаа со Black Lives Matter (имам напишано цел пост за ова) сметам дека на следниве избори треба да се поддржи Доналд Трамп. Дополнително, сетете се како ѝ беше на Македонијадодека на властбешедемократот Бил Клинтон. Затоа, Иако има многу гафови, претерано големо ниво на егоизам мојот заклучок е KEEP AMERICA GREAT. Vote Donald Trump!
Пишува: БОЕМОТ, Instagram: https://www.instagram.com/boemot/?hl=en