На 22-ри и 23-ти март, во Софија, Бугарија, се одржа мини самит како и предизборна кампања и посета на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа – АКРЕ и нивните партнер организации и нивните политички партии членови.

На годинешниот LIBERTY Summit учестуваа околу 100 претставници од политички субјекти кои се дел од коалицијата на АКРЕ како што се политички партии, Европските конзервативци и реформисти, идеолошки и аналитички центри, медиуми и останати.

Темите на панел дискусиите на самитот беа: Економија, Туризам, Регионална соработка и работни можности: дел од панелистите беа Шведските демократи, партијата ВОКС од Шпанија како и претставници од владата на Бугарија. За одбратата и мирот, Русија и ЕУ дискутираа претставници од ЛИКУД партијата од Израел, претставници на АКРЕ од Косово како и претставници од владата на Бугарија.

Исто така, АКРЕ беше и во посета на премиерот Бојко Борисов каде што се разговараше за стабилноста на Европа и идниот економскиот развој. Потоа, АКРЕ заедно со партнерите од Германија (АФД), Шпанија (ВОКС) како и извршниот одбор на Алијансата на конзервативци, беа дел од организацијата на конгресот на ВМРО од Бугарија каде што дадоа поддршка за обединетите патриоти и конзервативци за престојните избори во Мај во Европа.

Делегацијата на тинк-тенкот и платформата Конзерватив МК ја сочинуваа Стефан Василевски, Горан Стоименов, Стјепан Покупец, Даниел Димитров и Бојан Никовски, а дел од настаните беа и учесници на политичката партија Граѓанско демократска унија – ГДУ, Јована Спасевска, Александар Тодоровски, Александар Попоски и Добре Митрев.

ГАЛЕРИЈА

 

Сподели: