24 часовен молк од нашите политичари, но ние нема да молчиме!
04/04/2019 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Македонија, Национализам Leave a comment
04/04/2019 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Македонија, Национализам Leave a comment
КАСАМИ: Без рамноправни албанци во водењето на државата, иднината на Северна Македонија ќе биде несигурна….
Стефан Василевски: Како помлади генерации израснати и школувани во систем на европски и западни вредности и мултикултурализам, благодарејќи на разно-разни ЕРАЗМУС програми, стипендии, интернет, отворен свет и останати можности, соживотот и кохезијата ја разбираме многу подобро од вас, постарите генерации, кои најчесто граѓанските права ги барате низ призма на политички популизам. Како конзервативци, се спротивставуваме на популизмот!
Сепак, иако сме помлади, свежи ни се сеќавањата од грешките на постарите, особено транзициските, политичари кои завршија со Рамковен договор па и скоро со Тиранска платформа. Со цел превенција на нови платформи и заблуди, ќе може ли да дадете дефинитивен одговор како тоа вие го разбирате поимот“рамноправен” во една држава и како да го разбереме поимот “несигурна држава”?
Поимот “рамноправен” е нејасен и за нас помладите етнички македонци, но така е и за сите други етникуми кои живеат во нашата република, со кои се дружиме, студираме и работиме секојдневно.
Марјан Ќуринов: Изгледа дека некој очајно си го присвојува Бадентер, небаре некој го донесе за негова лична или политичка корист.
Претседателот на Беса денес изјави нешто што може да се сфати на барем два начина: Првиот е дека ова личи на себична, и уште полошо, празна реторика која влече корени од време кога, можеби, и само можеби, малцинствата биле угнетувани во државава. Иако вас, господине Касами, ве интересира само едно малцинство, јас зборувам за сите. Знаете, има и други малцинства во државава покрај албанското.
Вториот начин е далеку пострашен, и потсеќа на далечната 1991, кога под истиот изговор албанските претставници го бојкотираа референдумот за независност. Причина, доколку не памтите господине Касами, беше “обесправноста” на албанското малцинство. Истата реторика доведе и до обидот за терористички напад во 2001 врз Скопје, и очигледно сѐ уште не сте завршиле со истата.
Каква е таа, само за Вас и вашето национално убедување, нерамноправност, господине Касами? Кој ден беше, Ве молам кажете ми, кога Македонците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и Турците цврсто се сплотија во идејата да ги угнетуваат Албанците во Македонија? Но, атер за дискусијата, еве да речеме и дека навистина само Албанците се угнетувани во државава, а сите други привилегирани. Како гласањето за претседател Албанец ќе го смени сето тоа? На кој начин еден претседател Албанец ќе ја скрши таа фамозна обесправеност, која ниту Уставот, ниту Бадентер, ниту Рамковен, па ниту Безимена Македонија не успеала да ја стопи до сега?
Или можеби, господине Касами, со најавите за „нестабилна“ држава се надевате да подгреете некои полесно потпалливи елементи во нашето општество? Можеби се надевате дека албанското малцинство во Македонија треба повторно да земе пушка во рака и да замине во корија, за конечно да ја избори својата долгоочекувана „рамноправност“? Дали можеби се надевате функцијата Претседател да стане централна позиција на моќ, од каде со лесна диктатура конечно би се исправила и Вашата „неправда“.
Или пак можеби, едноставно имате поинаква дефиниција за зборот „рамноправност“. Можеби, според Вас, рамноправност би се постигнала само кога државава би имала Албанец за претседател и идеално 2/3 мнозинство во парламентот.
Нас пак, господине Касами, нѐ научија малку поинаку.
Ние веруваме дека најспособниот треба да ја држи функцијата, а не најсимболичниот.
Ние веруваме дека вистинското единство и рамноправност се достигнуваат само со слободоумие и слободна размена на идеи.
Ние веруваме дека местото на застарената реторика е во аналите на времето, за новите генерации никогаш да не просведочат на остварувањето на Вашата идеја за рамноправност, единство и мир.
Слика од коментарот на Касами објавена на 03.04.2019 на фејсбук страната на медиумот ФОКУС:
Линк до коментарот на Касами:
Касами: Без рамноправни Албанци идината на земјата е несигурна
Политички коментар: Стефан Василевски & Марјан Ќуринов
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК / Conservative.MK
Следете не на Facebook, Instagram & YouTube