Идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК [www.conservative.mk], Ве поканува на дебатата „Слободни и фер избори“ [Free and Fair Elections].
Дебатата ќе биде организирана на 21.11.2018, среда, од 12:00 до 13:00 часот во кафе-бар „Клиника“, веднаш до влезот на Католичка црква. Просторот ќе биде направен во модерно студио. ПОТВРДЕНИ ГОСТИ СЕ:

Граѓанско Демократска Унија  ГДУ, Петар Колев – претседател
Алијанса на албанци – Кренар Лога, член на централното собрание на АА
ВМРО – Народна партија – Љубчо Георгиевски – претседател или Слободан Близнаковски член на извршен одбор
Обединети за Македонија  Михаил Новковски
МОДА граѓанска асоцијација  Благојче Атанасовски, политички аналитичар
Партија за општествен и економски напредот – Медо Балиќ, член на извршен одбор
Либерална партија – Ивон Величковски, претседател или Филип Николовски, генерален секретар
Либерално Демократска партија ЛДП  Зоран Шапуриќ, потпретседател
ФРОДЕМ – Јове Кекеновски, политичар и автор на книгата Политички Системи
ТМРО – политичка партија, Ванчо Шехтански – претседател
Конзерватив МК ќе има свој претставник на дебатата (Стефан Василевски, управител)

Дебатата ќе биде предводена од Александар Богоевски, главен и одговорен уредник на Конзерватив МК.

—————————————————————————————————————————————————————————————–

Главната цел на CONSERVATIVE.mk е да ги обединиме граѓаните коишто веруваат во фундаменталните вредности на конзерватизмот, класичниот либерализам и другите слични десно и центар-десно ориентирани идеологии.
Идеологијата во која веруваме сѐ повеќе се шири низ Европа и светот преку Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа (ACRE – www.acreurope.eu), со која сме во постојана и директна соработка. Воедно, тука ќе можете да прочитате и за други десничарски идеологии тесно поврзани со конзерватизмот, како што се либертаријанството, слободниот пазар и економија, енвиронментализмот и национализмот [www.conservative.mk].

Нашата визија за CONSERVATIVE.mk е да претставува постулат на конзервативната идеологија во државата. Само така, обединети, преку зачувување и негување на традиционалните вредности, можеме истите да им ги оставиме во аманет на идните генерации и да придонесеме за создавање здрав и убав живот во една слободна држава.

Работиме во партнерство и постојана соработка со: Alliance of Conservatives and Reformists in Europe – ACRE, ECR Group in the EU Parliament, Edmund Burke awards for world’s best conservative person, Blue-Green Summit of ACRE – environmentalism, the Liberty Summit of ACRE – free nations, free people, free market, Conservatives International, Prager University Los Angeles USA и многу други.

Нашата работа се состои од едукативни видеа, публикации, организација на трибини и дебати, политички активности и друго.
Погледнете ја нашата прва дебата на следниот линк:
[ВИДЕО] Дебата: „Разбирајќи го конзерватизмот“ – кликни тука.

ЗАБЕЛЕШКА:
Conservative.mk во партнерство со Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа (ACRE), има дозвола за користење, превод и споделување на информациите од списанието The Conservative Online. Прочитајте ги правилата и прописите за користење на информации од The Conservative Online како и New Direction – a foundation for European reform.

The Conservative Online
REPRODUCTION RIGHTS: All content and materials of The Conservative are copyrighted, unless otherwise stated.
DISCLAIMER: ACRE is a Belgian ASBL/VZW No: 0820.208.739, recognized and partially funded by the European Parliament. Its views are not reflected by the European Parliament. The views and opinions expressed in the publication are solely those of individual authors and should not be regarded as reflecting any official opinion or position of the Alliance of Conservatives and Reformists in Europe, its leadership, members or staff, or of the European Parliament.

New Direction
The activities of European political foundations fall under European regulations; these regulations refer to the legal framework, internal functioning and funding, as well as the financing, judicial control, transparency and accountability of European political foundations.

Со почит,

Конзерватив МК [Conservative MK]– идеолошки и аналитички центар
www.Conservative.mk

Сподели: