Политички разговор: Детална анализа и коментар за изборите во САД
12/11/2018 In Европа и светот Leave a comment
12/11/2018 In Европа и светот Leave a comment
Погледнете ја деталната анализа на изборите во САД. Објаснување на изборните модели и начинот на владеење, анализа на резултатите, како ќе се одразат резултатите врз политиките на ЕУ, Балканот и Македонија, трендот на национализам, партиската „чистка“ кај републиканците.
СТЈЕПАН: Во САД постои дводомен парламент. САД имаат Сенат и Конгрес кои што мора да ги одобрат сите предложени закони и промени на законите. Според својата природа тие се обележани како „аристократскиот“ Сенат и „народниот“ Конгрес. Тие се резултат на компромисот помеѓу еднаквата застапеност на државите и пропорционалната. Малите држави, секако, се за еднаква застапеност која што ќе им даде иста моќ како и големите, а големите пак се за пропорционална застапеност. Сенатот е тој што ја има еднаквата застапеност.
Секоја држава има по два сенатори без разлика на нејзината големина. Секој сенатор има 6 годишен мандат и има вкупно 100 членови на Сенатот. Сенаторите имаат неограничено време за дискусија во расправите. Претседавач на Сенатот е потпретседателот на САД, но тој не е негов член. Тој може да разбие нерешен резултат, но со неговиот глас не може да придонесе за нерешен резултат.
Одговорностите на Сенатот се:
1) Одобрување на назначени федерални функционери (федерални судии, членови на кабинет, амбасадори)
2) Судењата на отповикување (Конгресот предложува отповикување,а Сенатот мора да го одобри
3) Ратификација на меѓународните договори кои што ќе ги склопи Претседателот со 2/3 мнозинство.
Конгресот е тој што има пропорционална застапеност. Има вкупно 435 застапници кои што се бираат пропорционално според популацијата на државата. На пример Монтана има 1 пратеник, додека Калифорнија има 53. Конгресмените се сметаат за поблиски до народот и тие треба да бидат поодговорни пред народот. Поради тоа нивниот мандат трае само 2 години и застапуваат еден географски помал дистрикт од каде што се бираат. Претседател на Конгресот за разлика од тој на Сенатот е негов член и за разлика од Сенатот, конгресмените имаат ограничено време за дебата и не можат да ги одложуваат бескрајно донесувањата на одлуките.
Нивните одговорности се:
1) Секоја сметка и финансиски извештај мора да потекнуваат од Конгресот. Конгресот всушност располага со парите на даночни обврзници бидејќи тој е поверодостоен претставник на народот.
2) Предложуваат отповикување на Претседателот кој што после тоа оди на „судење“ пред Сенатот кој што треба да ја донесе конечната одлука за негово разрешувње.
3) Повеќето закони и измени на закони се предложуваат токму во Конгресот.
Маријан: САД се наоѓаат пред веројатно најважните „мидтерм“ избори во историјата на американската демократија. Изборите за Конгрес кои што се паѓаат на средината на претседателскиот мандат, па поради тоа се наречени и „мидтерм“ (во средина на мандатот), се одржуваат на почетокот на ноември. Освен изборот за 435 места во Конгресот на мандат од 2 години, во исто време се одржуваат и избори за 33 или 34 места во Сенатот на кои мандатот им истекува за време на 6 години и се бираат 36 од 50 гувернери, кои што се таканаречени шефови на своите сојузни држави, а нивниот мандат трае од 2 до 4 години.
Иако овие избори се навистина важни, нивната излезност е далеку помала од таа на претседателските. Во комплицираниот изборен систем каков што е тој на САД тешко е во неколку реченици да се објасни што точно се случува, но ова се најважните работи.
Имено во секој изборен округ граѓаните на САД бираат свој кандидат за Конгрес кој што таму ќе ги претставува, односно барем би требало да го претставува својот округ, па тек после партијата на која што и припаѓа. Откако потенцијалниот кандидат ќе собере доволен број на потписи од страна на регистрираните гласачи тој пристапува кон кандидатскиот процес преку кој со мнозински систем се одбира еден претставник во парламентот. Тоа значи дека победник е тој што ќе добие барем 1 глас повеќе од својот противкандидат.
Втора многу важна работа е тоа што овие избори се генерално тест на политиките на моменталниот претседател. Ако граѓаните се задоволни од неговата политика тие обично го даваат својот глас на кандидатот од неговата партија. Тоа на сегашниот претседател му дава некаква оценка за неговата политика и му помага да се припреми за следните избори. Претседателот на овој начин го опипува пулсот на нацијата.
Изборите за Сенатот на САД, односно горниот дом на парламентот се малку поинакви. Сенаторите всушност се бираат така што се претставници на една од сојузните држави и се бираат само по два од секоја држава. САД во моментов имаат 50 сојузни држави што значи дека имаат и 100 сенатори.
Сенаторите од 1789 до 1913 година ги избирале претставниците на судската власт на државите од кои што доаѓаат, а од 1913 година се бираат на избори за мандат во траење од 6 години. Претседател на ова тело е потпретседателот на САД кој е негов 101ви член и тој може некогаш да донесе одлука на страна на претседателот. Овој начин на избори е направен така што ниту едно од законодавните или извршни тела во САД не би имале превласт врз другите. Во страв од демократска тиранија склопен е така комплициран систем што не би дозволил никаков вид на диктатура на било која извршна власт. Иако донесувањето на некој закон може да биде навистина фрустрирачно, секој закон мора да биде производ на консензус на партиите за да би се спречило партиско самоволие. Овој систем можеби не е најдобар, но за сега во демократскиот свет со ислучок на британскиот систем е најдобар.
Маријан: Извршната наредба е директива која што ја издава претседателот на САД и која управува со работењето на федералната влада и има сила на закон. Повеќе членови во Уставот на САД му даваат широки овласти на претседателот кој што тој може да ги користи на своја дискреција како би спровел некој закон или да управува со некои ресурси на државата или со кадарот на извршната власт. Извршните наредби подлежат на судска контрола и можат да се поништат ако им недостасува легислативна поддршка од страна на Законот или Уставот.
Извршните наредби имаат големо влијание врз внатрешните работи и одлучуваат за тоа како и во која мерка ќе се спроведува некоја законска регулатива или помагаат во решавање на некои вонредни состојби, водење на војна (без поддршка на Конгресот или како одгоров на напад пред заседавање на Конгресот) и општа прилагодба на одредени политички наредби. За разлика од многу европски земји претседателот на САД е и претседател на владата, врховен командат и општ шеф на држава на кој што можноста за таква директива му дава можност правовремено да реагира на одредени случувања.
Иако звучи застрашувачки еден човек да има толку голема моќ таа сепак се користи релативно ретко во меѓународни односи и најчесто се користи како средство за алокација на буџетските средства на подрачја погодени со елементарни непогоди. Најмногу вакви наредби во својот мандат за сега има издадено Бил Клинтон.
Стјепан: Мислам дека не. Пред се, САД имаат поинаков политички систем. Ние, за да бидеме како САД, пред се треба да го промениме целиот наш политички систем од парламентарна република во претседателска република. Тоа е голема промена и не верувам дека ќе може да се случи.
Второ знаејќи ја нашата состојба, дури и да му се даде таква моќ на Претседателот, мислам дека би била многу тенка линијата помеѓу eгзекутивна наредба и диктатура.
Маријан: Единствен начин на кој што овие избори би можеле да влијаат врз ЕУ е ако демократите издвојат голема победа и така да настане подлабока политичка нестабилност која што подоцна ќе се прелле и на економијата и на надворешната политика. Имено, Сенатот има големо влијание и врз едната и врз другата политика. Такво нестабилно политичко окружување кое би можело да ги ослаби САД би им дало простор на Русија и Кина да го прошират своето глобално влијание. Русија би можела тоа да го прифати со отворени раце, додека Кина чие влијание расте во светот не до толку. Кина сака да игра на долги стази, а таква ситуација би го убрзала целиот тој процес што би можело кај нив да предизвика нервоза. Прашање е како ќе се постави ЕУ во тој случај, како глобална сила и играч со своите 500 милиони граѓани и влијание врз глобалната економија или ќе потпадне под влијание на другите.
Стјепан: Мислам дека нема многу да сменат овие избори и нема да имаат големо влијание врз политиката на САД кон Македонија.
Можеби повеќе ќе се одразат врз ЕУ. Политиката на САД кон Балканот и кон Македонија е прилично константна и не верувам дека би ја промениле значајно поради некои нивни внатрешни преврати. Едноставно не сме толку голем фактор за промената на власт во Сенатот да има големо влијание врз тоа како Америка би се поставила кон нас. Единствено што може да се случи ако ги изгуви овие избори Трамп ќе мора да отвори уште еден фронт, а тоа е внатрешниот.
До сега републиканците ја имаа власта и во сенатот и во конгресот и ги имаа мнозинството на гувернери. Ако демократите победат, Трамп ќе мора повеќе да се посвети на внатрешните работи и ќе има помалку време за надворешната политика. Но сепак тоа не значи некоја промена на политиката на САД кон Македонија, а и кон Балканот воопшто.
Конзерватив МК до Маријан: Национализмот е во голем пораст како во Европа така и во САД. Неодамна, во интервју за американската телевизија ФОКС ЊУЗ [Fox News], американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е националист. Ваш коментар на оваа тема?
Маријан: Што се однесува до национализмот, јас не би рекол дека расте национализмот на начин како што до сега имавме шанса да го видиме тоа низ историјата преку примерите со фашизмот или нацизмот. Мислам дека за време на оваа мигрантска и економска криза, дојде до пораст на национализмот поради страв од промена на западниот начин на живот и можноста за исламска „колонизација“. На пример, АФД кои што најчесто се даваат како пример за раст на тој национализам, во своите тела имаат луѓе кои што не се етнички германци, туку се самите имигранти или деца на имигранти и слично.
Вториот фактор за таквиот раст е пропаста на левицата на западот. Иако настана оддалечување од своите идеологии од страна на сите партии, сепак најголемото отстапување го направи левицата која што го остави мнозинството на работници во индустриите кои што полека изумураат на цедило и без политичко и идеолошко упориште. Нив ги превземаа радикално десните и популистички опции со стравот од донесување на ефтина работна сила. Можеби до тоа не би дошло ако Европа и Германија подобро реагираа на кризата во Украина и ги пуштија нејзините граѓани во страв од војна и во потрага по подобар живот да дојдат во Европа наместо граѓаните на исламските држави.
Трамповиот национализам не може да се преслика во Европа. Европа не е „мелтинг пот“ како што политичките елити и европските бирократи сакаат да го претстават. Ако ги прашате граѓаните на Европа ретко кој ќе каже за себе дека е европеец пред се, па после тоа хрват, чех, словак, македонец, француз итн. Ние веќе имаме нации формирани пред стотици години кои функционираат во добрососедски односи и партнерства, но за да продолжат да останат во такви односи поважен е слободниот пазар отколку некаков паневропеанизам кој не му одговара на никого. И на тоа треба и да остане.
Слично пројде и Америка и затоа се нарекува „земјата на храбрите и слободните“. Трамп е националист во тој поглед. Тој ги става меѓународните договори под американскиот интерес за разлика од неговиот претходник кој што глобалниот интерес го ставаше пред американскиот.
Пред се, треба да престане таканареченото медиумско лудило за „синиот бран“ бидејќи овие избори и не донесоа некаква си голема победа за демократите. Од вкупно 435 места во конгресот, демократите имаат само 28 повеќе од досегашната бројка. Овој напредок од 13% изгледа висок во споредба со претходните 195 места, но во реалност е скок од само 0,6%.
Од 35 места за кои се натпреваруваа Републиканците успеаа да земат 2 повеќе од колку што имаа до сега. Тоа е напредок од 4% за „слоновите“, од претходните 49 (имаше и доста независни), но во вкупниот износ позначајни – 2%. Што се однесува до гувернерите, „магарињата“ (демократите) им украдоа на „слоновите“ (Републиканците) 6 места, а на незавнисните 1 место. Сепак и понатаму се во помал број од „слоновите“ со однос 23 Демократи – 26 Републиканци.
Ова горе е пат позиција. Ничија победа. Кој мисли дека ова е „син бран“ или „црвен бран“ или е наивен или е агитатор. Секако, сосема е јасно партијата која што ја држи Белата куќа да помине полошо на изборите на пола мандат. Меѓутоа, републиканците сепак добија 3 додатни места во сенатот и со тоа ја зголемија бројката од 51 на 54 места. Овој скок може да се смета како голема заслуга за политиката на Доналд Трамп кој во последниот период од кампањата посебно се заложи за овие кандидати.
На овие избори, за прв пат после 1970та година, се случи да партијата на актуелниот претседател изгуби мандат во конгресот, а да го добие сенатот. Доналд Трамп ќе мора да се соочи со ново создадената ситуација и фактот дека повеќе ќе нема контрола врз сите тела во Вашингтон. Ако сумираме, за Доналд Трамп најголем проблем во периодот што следи е како ќе ја врати довербата на гласачите од урбаните средини.
Но, од друга страна, овие избори беа можност за Доналд Трамп да направи голема „чистка“ во своите редови на тој начин што голем број од конгресмените кои беа против него, веќе не се дел од конгресот. Исто така, голем број од кандидатите на демократите кои победија на изборите во своите држави се про-конзервативни, така да, можна е идна соработка за некои од клучните прашања.
СТЈЕПАН: Прво да разјасниме нешто. Доналд Трамп реално ги изгуби и изборите во 2016та година. Имаше неколку милиони помалку гласови од Хилари Клинтон, но поради уникатниот американски изборен систем стана претседател. Шансите за победа во 2020 не се многу големи. Демографијата не им оди во прилог на републиканците и мислам дека постои реална можност Трамп да не дочека втор мандат. Во прилог на тоа одат анкетите кои што покажуваат дека најголем дел од американците иако задоволни од економијата не го поддржуваат работењето на Трамп.
На овие избори сега не се случи „син бран“ како што некои очекуваа, но републиканците после 8 години го изгубија Конгресот што е навистина голем удар. Ја зголемја минимално предноста во Сенатот кој што е патем можеби и поважен за нас, но го изгубија долниот дом на парламентот кој што е пореален показател на волјата на народот. Во секој случај Трамп и како претседател во 2020 повторно ќе влезе во трка како аутсајдер.